(видео) Доктор Милановски: Првата вакцина е најдобра

Докторот Горјан Милановски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика вели дека нивните истражувања покажуваат дека над 30 проценти од жителите на Скопје имаат веќе антитела против коронавирусот. Според него првата достапна вакцина е најдобра и за да ја победиме короната треба да се вакцинира над осумдесет проценти од нселението.
Милановски нагласува дека многу поголеми негативни последици има од лекови, од контрацептивни средства, летање со авион, но за тоа не се зборува во јавноста. Вакцините се со многу мали импликации, бројките од сите досегашни студии, итражувања и искуство се многу јасни и егзактни во поглед на безбедноста на вакцините.
– Овие вакцини ги покриваат сите постоечки соеви на Ковид 19. Но и ако се појават нови соеви и мутации и да има потреба од нови вакцини, новите технологии и научно знаење овозможуваат многу брзо – во денови, за еден месец да бидат напарвени и достапни за граѓаните.Треба да почекаме да видиме колкава ќе биде долготрајноста на вакцините и имуниот одговор што го создаваат и дали ќе треба секоја сезона да се вакцинираме. Досегашните студии покажуваат дека Фајзер и по осум месеци ги има истите ефекти како на почетокот на примањето на вакцината. Во светот искуството покажува дека од почетокот на пандемијата досега исклучително ретки се случаите на реинфекција, односно повторно заболување од корона на прележаните, и затоа бројките што беа перзентирани во Македонија за над стотина резаболени не може да бидат точни – вели Милановски.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background