(видео) Македонија кај Русија нема ист третман како Србија, но има привилегии
Потпишани се девет директни договори со руски стопански комори и тоа е добрата страна на соработката со Русија, со кои врските станаа директни, и се’ почести. Србија има Договор за слободна трговска размена, но не на сите. И српското вино имаше 25% царина. Ова во емисијата Стадион на Канал 77 го изјави Дејан Бешлиев од Македонско – руската стопанска комора.
-Неизвесната е во тоа што никој не знае колку ова ќе трае. Конфликтот носи промена на цените на светските берзи и неминовно е да се прелее на сите индустриски гранки. Во Европа прават анализи. Италија, свесно вели дека ќе загуби 9,8 милијарди евра извоз во Руска Федерација, но ќе се јави дупка во буџетот поради гасот. Место за паника секако дека кај бизнисот има, вели Бешлиев.
Тој потсетува на контра санкциите од руска страна, кои како што очекува ќе се одразат врз економијата, фармацијата, земјоделството.
-Русија е најголем извозник на нафта и гас во Европа, заедно со Украина најголем извозник на пченица од 29 отсто во европскиот извоз, најголем извозник на платина, неопходна суровина во автомобилската индустрија. Трет најголем производител на злато, метали, кажа Бешлиев.