(видео) Најевтиниот киловат час енергија е оној кој е заштеден, вели професорот Миновски
Најевтиниот киловат час енергија е оној кој е заштеден. Не може да имаме луксуз да се грееме дома на 25 степени, а ѕидовите да ни бидат продорни, истакна универзитетскиот професор Драган Миновски во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Заедно со професорот Ристе Цицонков велат дека штедењето почнува лично од секој човек, па потоа и локалната самоуправа и државата.
– Најдобро е да ги смалите потребите за енергија со топлинска изолација на ѕидовите и да се стават нови прозорци. Јас пример имам 15см изолација на ѕид, 25см на кров и сега не уклулчувам греење. Се греам минимално во зима, на струја, на топлинска пумпа и потрошувачката ми е под 1000 денари за куќа, вели професорот Цицонков и потенцира дека греењето наместо на 22-23 степени, да биде на наместено на 20.
Двајцата професори се согласни дека светот мора да престане да ги користи фосилните горива. Велат постојат други начини за производство на електрична енергија и државава мора да ги следи новите технологии. Иако сега поради енергетската криза не се зборува за животната средина и енергетското загревање, последиците од климатските промени ќе бидат се полоши.
– Сега има термин еликтрификација, во смисла да се заменат другите извори на енергија и да се користат обновливи извори. Струја да добиваме од обновливи извори и да ја користиме за греење, вели професорот Цицонков.