(Видео) Не објавувам фотографии за да бидат злоупотребени: Ана од Кавадарци ќе маршира за правда за сите жртви од „јавна соба“
Минатата недела во четвртокот почнав да добивам пораки и повици од машки личности. Претходно се’ си беше нормално, си бев дома и почнав да ги добивам пораките. Мојата фотографија во групата „јавна соба“ е објавена после 23 часот, а веднаш потоа ја добив првата порака. Последователно добив уште три пораки и повици на телефонот. Утредента околу 11 претпладне ја добив пораката со screenshot од објавата во групата на Телеграм. Таа порака ја добив на инстаграм од профил кој веднаш ме блокираше. Така дознав од каде доаѓаат тие повици и пораки. Ова го раскажа дваесет и осумгодишната Ана од Кавадарци, која гостуваше во емисијата Стадион на Канал 77. Во денешното издание кое е посветено на темата „сексуално насилство“ девојката говореше за своето немило искуство во групата „јавна соба“ откако претходно го обелодени преку видео обраќање на социјалните мрежи.
„Кога дознав прво отидов во одделот за сајбер криминал во Скопје. Претхдно немав никакви информации за тоа каде се пријавуваат вакви случувања. Сакав да ги покажам и броевите што ми ѕвонат, но добив одговор дека додека не пријави малолетно лице не може ништо да се направи“, раскажа Ана според која и луѓето во полициската станица биле шокирани, бидејќи групата „јавна соба“ и претходно се провлекуваше како проблематична во јавноста. Сепак, од полицијата ја посоветувале да пријави во Кавадарци, од каде е и самата таа. Токму тогаш се појавил моментот на разочарување кај неа.
а друго место каде би го добила истото како одговор. Исто и друга девојка го пријави случајот па добила одговор дека има многу групи и не може ништо да се направи“, истакна Ана при гостувањето во Стадион.
Таа најави дека ќе учествува на маршот кој вчера го најавија од невладиниот сектор.
„Поканета сум да присуствувам и нормално дека ќе присуствувам. Јас можеби сум и првата што сакам да се избориме, да допреме до сите. Сакам никој веќе да не продолжи со вакви работи, да не им наштетува на другите луѓе и да постигнеме живеење во едно здраво општество. Овие ситуации само не уназадуваат“, додаде Ана.
„Јас не објавувам фотографии за да бидат злоупотребени. Во случајов не е само преземена моја фотографија туку е злоупотребена. Некој остава мој телефонски број за луѓето да ме коментират. Јас работам како менаџер во Скопје и мојот број многу пати е објавен досега кога сме имале огласи за работи, го знаат фирми со кои сме соработувале, наши вработени и така натаму. Не е тешко да се најде бројот на една личност“, истакна девојката.
„Кога ми се случи тоа знаев дека нешто треба да се направи. Пријавив па ми требаше време да размислам како да го споделам со најблиските, не сум човек што ги крие работите особено за нешто за кое не сум јас виновна. Не знаев што да очекувам кога ќе го споделам видеото, но одлучив дека не треба да премолчам. Објавата наиде на многу коментари и јас не успеав сите да ги прочитам. Но некои коментари ми се и малку смешни, бидејќи сите луѓе околу мене што си ги сакам беа повредени и растревожени. Не би направила ништо за да ги повредам, но очекував да има и такви коментари“, додаде Ана во денешното гостување во програмата на радио Канал 77.