(видео) Се криеше договорот за регионалната депонија – Сашо Велковски во Стадион

Не само што се криеше што се прави со овој проект, туку и потпишаниот договор за изградба на регионалната депонија го немаше во архива, рече во емисијата Стадион, градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски. Ова беше еден од одговорите на неговиот претходник, но и на опозицијата.
-Од една задолжена општина ја создадов транспарентна, стабилна, ликвидна општина. Наследив големи долгови, општина со салдо нула, на 20 октомври 2017 година, кога стапив на функција, а од друга страна стигнаа фактури за задолженија, што чекале само да си отиде претохдниците и да ги пратат. Лоша беше ситуација со ЈКП, СОУ “Кочо Рацин“… Бевме принудени да отпишиме 45 милиони ден побарува за ненаплатена вода. Тоа се 800.000 евра. Со тие пари Комуналното ке било прво во државата. А од друга страна имаше 22.000 евра за репрезентација, во хаварисано возило е ставано гориво, рече Велковски.

Градоначаникот најави скорешен почеток на изградба на затворен базен, новите улици во рамките на проектот со Светска банка, а во однос на прашањето за негова нова кандидатура, Велковски рече дека не се плаши од противканидати од неговата партија.
-Не се плашев од ВМРО ДПМНЕ, ниту од сопартицијите, одговори Велковски.
Тој на функцијата градоначалник дојде од УЈП, како што кажа, смета дека е квалитетен да се врати повоторно таму.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background