(Видео) Со една изборна единица до поздрави коалиции и нашите програмски цели ќе бидат дел од идни влади – Бејџан Иљас од Демократската партија на Турците

Една изборна единица е модел кој што ја претставува волјата на граѓаните во законодавниот дом, смета Бејџан Иљас од Демократската партија на Турците.

„Нашите залагања во минатото на жалост беа попречени од големите партии. Денеска дојдовме до еден момент во кој што т.н мали партии во парламентот веќе ја почнавме оваа работа да ја тераме на време. Имавме ситуација каде поголемите партии, секогаш кога баравме измени на изборниот законик доаѓавме до еден одговор дека не може пред избори и затоа рековме дека мора да се залагаме многу порано за овој предлог кој веќе е во собраниска процедура“, изјави за „Стадион“ Бејџан Иљас од Демократската партија на Турците.

Тој потенцираше дека во изминатиот период се одржале доста средби со помалите партии и опозициската ВМРО ДПМНЕ која е „за“ една изборна единица, како и коалициониот партнер на Демократската партија на Турците, СДСМ.

„Демократската партија на Турците во овој случај во шестте изборни единици иако ние имаме околу 20 000 гласови, не можеме поради ваквиот начин да ги изразиме тие гласови да бидат рефлектирани и затоа сме приморани да одиме на пред изборни коалиции. Според нас со една изборна единица ќе се рефлектира со што ќе се залагаме и ќе може многу подобро да имаме коалиции, јас верувам дека и тие ќе бидат поздрави коалиции и со нашите програмски цели ќе бидат дел и од идни влади. Што поскоро треба да влезе во процедура во Собранието со комисиски расправи, јавна дебата, каде што ќе бидат вклучени врвни експерти, невладините организации и граѓаните да бидат вклучени и верувам дека ќе имаме разбирање од поголемите партии, за деталите како ќе се формира, дали ќе има изборен праг, колку ќе биде изборниот праг, дали ќе има слободни листи“, вели Иљас.

Во однос на прашањето за укинување на пржинската влада, од Демократската партија на Турците сметаат дека како што била донесена одлука за нејзино формирање без да бидат тие консултирани, и сега нема потреба да ги прашуваат како партија дали истата да се укине.

„Ова особено нас не не засегаше, се надевам дека оваа иницијатива излегува од реалноста можеби сме дошле до еден момент или сме дошле до една демократизација, сега можеме да имаме успешни избори се надевам дека тоа е единствената причина. Но, за жал тогаш кога се донесе таква одлука не бевме ние вклучени, како што не сме вклучени и за други процеси, а истото го видовме и со последната промена на изборниот законик со медиумското финансирање и покривање на политичките партии за време на изборите и тоа се крајно дискриминирачки промени“, изјави за „Стадион“ Бејџан Иљас од Демократската партија на Турците.

Г.Д

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background