(ВИДЕО) Трудовите инспектори најмногу пријави добиваат од текстилната индустрија

Најбројните пријави за прекршување на работничките права до Државниот трудов инспекторат, се врзани за платата и додатоците на плата. Најчестите прекршувања се во текстилната индустрија, трговија на мало, градежништво и угостителство. Од овие четири дејности има и најбројни пријави до Инспекторатот, изјави во емисијата „Стадион“Јована Тренчевска,  директорка на Државен инспекторат за труд, каде трудовите инспектори ги евидентираат како  дејности каде инспекторите ивршиле надзори по добиени претставки.

-Најчестите пријави се за неисплатени плати, додатоци на прекувремена минат труд, неделна работа, работа за време на празник, а декември, јануари и февруари се месеци кога се пријавува неисплаќањето на К15. Потоа се пријавува исплата на плата помала од законски утврдената минимална плата, како и поради потпишаните спогодбени откази спротивни на законот, изјави Јована Тренчевска,  директорка на Државен инспекторат за труд.

На прашањето како завршуваат пријавите за заштита при работа – како завршуваат, дали се поправаат работодавачите, Тренчевска вели дека во овој период се посветени на заштита на работниците во однос на мерките за заштита од корона вирусот , а со најновите измени во ноември 2020 се доадени дополнителни надлежности за постапување по одредбите од законот

-Се постапува, она што ме радува е што има се’ помалку пријави дека не се почитуваат владините мерки и обезбедување на заштита додека се на работа, кажа Тренчевска.

Во однос на најавата за измените на законот во делот на работа во недела, директорката на Државниот трудов инспекторат најави засилени контроли како се почитува, како се исплаќа надоместокот за работа во недела и додатоците на плата.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background