(ВИДЕО) Јовески: Треба да се сослушаат најмалку 20 сведоци за автобуската несреќа, досега ОЈО сослуша 7 до 8

Последните информации од автобуската несреќа која се случи во Бугарија, се дека е пронајдена 45 та жртва од опожарениот автобус, ова го потврди и државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во денешната емисија „Стадион“ на Радио Канал 77.

„Може да се соопшти дека дефинитивно е пронајдена уште една жртва во опожарениот автобус, според тоа во таа несреќа животите ги изгубиле 45 патници. Вчера и денес се тука националниот истражител на Република Бугарија и замнеикот обвинител на Обвинителството во Перник. Ние денеска ќе им ги предадеме ДНК анализите на родните на покојните, за да може да се пристапи кон утврдување на нивниот идентитет. Веќе вакви анализи се извршени во Република Бугарија и тие треба да се укрстат“, рече Јовески.

За причините за несреќата вели во овој момент неможе да се зборува, затоа што сеуште се чекаат одредени експертизи од бугарското обвинителство при што треба да се обезбедат и други докази.

„Ова Јавно обвинителство постапува по нивната замолница од една стрна, но од друга страна со оглед на комплетната состојба во делот на почитување на законите и однесувањето според законите, прибира податоци и за евентуални кривични дела“, вели Јовески.

Во просториите на „Беса Транс“ е многу порано влезено, информира Јовески и таму се одземени и запленети документацијата и компјутер, сега инспкеторатот излегува да изврши контрола – инспекција во негова надлежност. Но, по наша наредба документацијата е одземена веднаш, претходно.

„Таа документација ја земавме, собравме документација и од Министертсвото за внатрешни работи  и од кога ќе ја прибереме целата оваа документација, не само за потребите на истрагата што се води за сообраќајната трагедија во Бугарија туку и за наш предмет кој веќе го имаме оформено“, вели Јовески.

Во споредба со случајот „Ласкарци“, Јовески истакна дека граѓаните со право се нездоволни од динаминаката според која овој предмет се процесуира.

„Можам да истакнам дека обвинителството за неполни шест месеци  ја спроведе истрагата и поднесе обвинение. Од тогаш наваму, овој предмет е заглавен во судските лавиринти, одржани се околу 100 рочишта. Самиот факт дека се одржани 100 рочишта, зборува дека не се работи за концентрација на доказите, дека нема ефикасност од така одржаните рочишта и мислам дека тоа е недопусливо. Ќе мора Советот кој постапува по овој предмет, да му даде приоритет на предметот и даработи на одржување на ефикасни рочишта без да ги повреди правата на странките во постапката и другите учесници“, рече државниот јавен обвинител Јовески.

Вели не може да се прави компарација на сите несреќи, кај некои причината е една околност, кај други е друга. Очигледно бугарските обвинители процениле дека тука не е во ред на тој дел од патот со сигнализацијата и определиле такво истражување.

Во однос на говорот на омраза на социјалните мрежи, Јовески поврди дека и кај нас едно лице е повикано на разговор во полиција токму поради недолични коментари во врска со автобуската несреќа објавени на социјалните мрежи.

„И ние постапуваме по кривичните дела на омраза, но тие траат малку подолго со оглед на тоа дека треба да се утврди идентитетот на лицето бидејќи претежно тие се преку социјалните мрежи“, вели Јовески.

Колку би траела истрагата и кога би започнале рочиштата за сообраќајната несреќа, Јовески истакан дека во овој момент тоа е неблагодарно да се зборува, бидејќи бугарските обвинители определиле повеќе вештачења, експертизи во врска со истрагата и најверојатно ќе зависни од пристигнувањето на овие експертизи во обвинителството.

„Од друга страна и ние како јавно обвинителство врз основа на нивна правна помош постапуваме во делот на обезбедување на документација, сосолушување на сведоци, ние треба да сослушаме најмалку околу 20 на сведоци, сега имаме сослушани околу 7 до 8. Но во овој момент приоритет е да се утврди идентитетот на загинатите патници за да можат тие да се предатат на нивните семејства“, вели Јовески.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background