(ВИДЕO) Чепреганов: И Бугарија да даде гаранции дека нема да се меша за бугарското малцинство
„Дали политиката влегува во игра кога историчарите молчат? – Политиката настојува на сметка на историјата, да добие. Многу често политичарите ги користат историските настани за популизам. Сметам дека ако се остави историјата на историската наука, работите полека но сигурно ќе се решат. Затоа што политиката има брза методологија, настојува некои работи да се решат брзо. Историјата не е таква наука, има методологија на истражување”, рече професорот по историја и поранешен директор на Институтот за национална историја, Тодор Чепреганов во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.
Тој смета дека во македонската историографија нема тема која не може да се постави.
„Луѓето што беа осудени за македонски сепаратизам и антикомунизам од 1944 до 1948 година, на Првото заседание на АСНОМ по неговото формирање, президиумот на АСНОМ во кој знаеме кои членови влегоа живеевме еден период кој што беше како самостојна држава. И затоа Тито во 1944 година, ноември го свика Второто заседание на АСНОМ на кое беа осудени сите Македонци што беа од македонска национална линија и на пленум во Белград во 1945 година беше донесена одлука со сите тие Ченто, Шатев, Брашнаров да се расчистува, еден по еден. И тоа се случи. Друго, Методија Шаторов Шарло, дали е расчистен?! – Мислам дека Методија Шаторов Шарло не е проблем, расчистена е таа работа. Во учебници не може да влезе се, во науката тоа е напишано”, вели Чепреганов. Во ова што го има напишано Георгиевски и што нуди решение за спорот со Бугарија, да се дадат имиња на личности и настани кои што експресно ќе бидат прифатени за да се чествуваат.
„Мислам дека тоа така не може да оди во историјата. Што да направиме? – Да ги земеме оние личности кои мислиме дека треба да ги честувавме заедно со Бугарите? – Прашањето е зошто заеднички да ги чествуваме? – Секој народ си чествува свој херој и настан, во истријата секој народ си пишува сопствена историја. Имам чувство дека Бугарија како и досега, кога е во сојуз со големи држави настојува да го реализира сонот за Голема Бугарија. Ова е нејзина последна шанса преку ЕУ, да успее да го оствари она што не успеала да го оствари сиве овие години, затоа што кога зад неа стои некој, таа е многу силна. Ние можеме како историчари со силата на аргументите, толкувањата да се расправаме, и тоа го правиме. На научни собири, за некои работи се согласуваме, за некои не
се согласуваме. Но не можеме политички, сега се настојува повторно политички”, вели Чепреганов.
Сега имаме двајца поранешни премиери вели тој кои дадоа свој став Геогиевски и Бучковски, излезе и Бранко Геровски со свои шест точки за решение на проблемот. И сега вели Чепреганов испаѓа дека сите новинари, политичари го решаваат прашањето, а гледаме дека работата на Комисијата образовна и научна стагнира.
„Помеѓу македонските и бугарските историчари има застој, има размислувања кои не се прифатливи или за едната или за другата страна, е сега тука политиката може да го направи она што го правела. Да излезе со еден став дека одредени личности ќе ги славиме заедно и тоа е
решението”, вели професорот.
„Таа бројка што ја даваат бугарите од 30.000 убиени, 100.000 затворени е апсурдна бројка, сум за тоа дека таа бројка треба да се расчисти и мислам дека македонската историографија не бега од тоа, досиеата се доставени до архивот и тој ги објави”, смета Чепреганов.
Тој вели моментов нема тема која во македонската историографија не е „начната”, но министерствата слабо ги финансираат Институтите со што се сопрени истражувањата. Без истражувања и научни собири на кои ќе ги соочиме нашите мислења, нема напред, вели Чепреганов. Тој смета дека во планот на Георгиевски објавен на Фејсбук тој повеќе
зборува за историјата, па постави неколку прашања до Георгиевски.
„Зошто Македонија мора секогаш да дава гаранции? – А, зошто и Бугарија да даде гаранции кога и таа е членка на НАТО, дека нема аспирации кон Македонија, зошто и тие да не дадат изјава”, вели Чепреганов. Тој вели имаме потпишано договор со Бугарија кој што не функционира, историски. Договори се потпишувале и се раскинувале, нема вечни договори. Зошто Бугарија да не даде гаранции дека нема да се меша во работите на Македонија во однос на бугарското малцинство, зошто македонското малцинство во Бугарија, како постапуваат Бугарите? – Зошто го нема реципроцитетот, зошто само попуштаме?, праша Чепреганов.
Тој искоментира неколку од точките кои Геогиевски ги нуди како решение за спорот со Бугарија.
„Бугарскиот парламент да донесе декларација со која под поимот македонски јазик и македонска нација, подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година и дека Бугарија со ништо не ги прифаќа тезите за кои смета дека се фалсификат. А дали ние треба да прифатиме се
што е фалсификат?!””, рече Чепреганов.
За крај тој потенцираше дека никој не криел во македонската историографија дека Гоце Делчев учел бугарска егзархија или македонските револуционери, меѓутоа никогаш не сме криеле дека имало разлики помеѓу македонскиот и бугарскиот јазик, вели Чепреганов.