ВМРО- ДПМНЕ нема да бојкотира туку ќе победи кога и да се изборите, вели Никола Мицевски (видео)
Екс координаторот на пратеничката група на Вмро- Дпмне и кандидат за пратеник , Никола Мицевски вели дека пратениците треба да си го вратат статусот и достоинството. Има грешки но, општиот впечаток дека тие се криминалци не е точен, затоа што оваа функција е најмалку вреднувана во регионот и голем број пратеници остануваат во немилост и без егзистенција по зваршување на мандатот.
Според Мицевски изборите во јули не се возможни.
– Ние сме одговорна партија и се грижиме за здравјето на луѓето. Со 170 заболени и пет починати дневно, гласање не е возможно. ВМРО- ДПМНЕ, кога и да се одржат, катастрофално ќе ја поразат криминогената политика на лаги и илузии на СДСМ, така да нема шанси за бојкот од наша страна иако СДСМ го посакува тоа – вели Мицевски во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.