Дерковски-Медиумите ги покачија цените пред претседателските избори
За претседателските избори на кои што имаше тројца кандидати, се исплатија 3,7 милиони евра евра и во право се сомневањата околу нивната распределба, вели претседателот на ДИК, Оливер Дерковски во емисијата Стадион на тема „ Државни пари за медиумски опстанок или медиумски „шепот“.
,,Индикативно е тоа што пред претседателските избори медиумите ги зголемија цените затоа што тогаш немаше одредба која што ја задолжуваше ДИК да пресмета цена , беше оставено тоа да го направат медиумите“, вели Дерковски.