Комшики си муабетат:
– Од кај ти е таа модрица под окото?
– Од маж ми.
– Па мислев дека отиде на пат, нели така ми кажа вчера?
– Епа и јас мислев!
Дневна доза хумор
Веќе привршувате со вашите работни обрски (за оние до 16:00 часот) и затоа време е да го подигнеме расположението со малку хумор. Ајде, одвојте некоја минута да се насмеете со неколку смешни вицеви:
Докторе, ми треба потврда за да не работам.
– Па, што ви фали?
– Епа тоа де – потврда!
Судијата го прашува обвинетиот:
– Зошто сте го убиле зајакот кога не сте член на ловечкото друштво?
– А, зошто он ја јадеше мојата зелка кога не е член на моето семејство?
Жената: Ти бре, сите пари ги трошиш на кафана!
– Мажот: Што се буниш, ти даваш 50 евра за маскара!
– Жената: Па јас купувам маскара за да ти бидам убава!
– Мажот: па и јас пијам за да ми бидеш убава!
Жената го прашува мажот: Драги, ти сакаш паметни или убави жени?
– Ни едната ни другата драга, јас те сакам тебе!
Доаѓа политичар дома радосен и ја бакнува сопругата.
– Сè е готово! Избран сум!
– Навистина? Не лажеш?
– Не не, сега веќе нема потреба!