Зошто циметот е одличен зимски пријател на организмот
Не само што убаво мириса и има специфичен вкус, циметот може да биде одличен пријател на вашето здравје. Важи за одлична комбинација во зимските денови, а помеѓу останатото, конзумацијата на цимет е еден од најдобрите начини за регулација на шеќерот во крвта.
Подготовката на напиток со цимет е едноставна. Ставете вода да зоврие и додадете една чајна лажичка цимет и оставете да стои 15 минути. Водата ќе прими кафеавкаста боја. Потоа процедете ја течноста и испијте ја.