Иван Јорданов v.s Сашко Николов

Во денешната емисија „Стадион“ на Радио Канал 77, соочување имаа актуелниот градоначалник на опшина Штип, Сашко Николов и против кандидатот од опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов.

Јорданов со обвинувања до Николов дека пропагандата на СДСМ е амнестирање на одговорноста од претходниците.

„Фактите се дека Клиничката болница до 2016 година беше оставена до одредено ниво кое што беше видливо, визибилно за граѓаните и од 2016 до ден денес практично таму не се случува ништо. Ако сакате сега вие да си барате алиби за нечиј неуспех може да си најдете најразлични изговори кои граѓаните не ги интересираат едноставно прашање е дали сакате да ја довршите таа болница, или не сакате. Во однос на здравствените услуги и тоа како ние како држава сме се справиле со пандемијата и дека сме инвестирале во подобро справување со пандемијата говорат бројките. Бројките се поразителни, Македонија е лидер во светот и во Европа по број на починати  и заразени. Не само затоа што здравствениот систем и власти добро се справувиле,туку напротив затоа што лошо се справиле. И тоа го сведочат илијадници наши сограѓани кои се соочиле изминатиот период со потребата од добивање на потребата од здрасвтвена услуга“, вели Јорданов.

Николов тврди дека проблемите кои ги имале со изградбата Клиничката болница во Штип изминатите години ги решиле, со што сега веќе е почнато со доизградба на болницата.

„Статистичките податоци во врска со корона инфекцијата беа во корист на нашата држава, не можам да кажам дека ова што го тврдите е така затоа што немам факти за тоа бидњјќи јас би го презентирал со факти од светските статистички податоци од тоа време. Се согласувам дека Клиничката болница во Штип да се базираме на тоа дека секогаш треба да бараме друг да ни биде виновен за тоа што не е сработено или не сме го сработиле.Тука сте во право и ве поддржува за тоа, меѓутоа треба да знаете дека се решени сите проблеми кои што ги наследивме и на Клиничката болница Штип се работи, доста интезивно. Не знам дали сте биле внатре, таму е завршена електричната инсталација, вакум кислородната инсталација, одредени простории на одредени спратови веќе се ставени прозори и стигнати сме до едно ниво каде што треба да се поставува одредена опрема, каде што технички бара да биде поставена“, истакна Николов.

Јорданов со обвинувања дека одредени ветени проекти на претходниот градоначалник Благој Бочварски и актуелниот Сашко Николов дадени пред граѓаните на Штип, не го виделе светлото на денот.

„Тие проекти јас ќе ги набројам, Жичара до Исарот, Аква парк со затворен и отворен базен, гасификација до секое семејство, обиколница, термоизолациони фасади на сите станбени објекти, катни гаражи кои требаше да го растеретат сообраќајот и сообраќајниот метеж, картинг, социјални содржини, кино салата, скејт паркови, велосипедски патеки. Во населбата Караорман беше ветена детска градинка која што не е направена, во населба Три чешми беше ветена спортска сала и ова се факти кои што јас не ги измислувам туку ги прочитав пред да дојдам во емисија од изборната програма зад која што стоеа двајцата градоначалници, претходно во различна улога. Бочварски како градоначалник, Сашко Николов како советник  кој што беше на второ место на советничката листа. Три ипол години не направија ништо, свесни беа дека им престои пораз, правеа одредена рокада на позициите, направија избори и потрошија милионски износ на пари за да се направат тие беспотребни избори за само девет месеци мандат и практично ништо не се промени освен што се променија улогите, едниот стана министер, а другиот од советник стана градоначалник“, рече Јорданов.

Николов на ова реплицираше со „Кога ве слушав јас вака почитуван господине Јорданов, помислив дека ништо не сум сработил“.

„Ќе почнеме сега од почетокот, од каналниот систем Караорман, тој беше заедно ископан заедно со градоначалникот на Карбинци и беше отворен до самиот Караорман, тоа што луѓето немаа вода беше точно и вистина, моментално штипските бунари и пумпи на водоснабдување имаат капацитет 246 литри во секунда да снабдуваат вода. Нормално во летните временски период ние трошиме 280 и 300. Ова лето ние трошевме од 350 до 400 литри во секунда,  кога пред две години се правела водоводната мрежа во Караорман тоа се два крака со што поради самата тежа и притисок. Заборавивте да кажете дека во меѓувреме се пушти водовод во населба Чардаклија и Македонка каде што дополнително го испразни резевоарот кој што беше предвиден за тие две линии во Караорман. Поради таа причина падна притисокот на водата. Ги споменавте типските куќи и гасификацијата, очигледно не си запознаен како течат прокетите за да се изведе нешто. Кога зборуваме за 100 типски куќи ние треба да направиме цела една населба, јас никаде во изјавите немам кажано дека за 9 месеци ќе ги направиме куќите, затоа треба да најдеме локација. Локацијата според ганералниот урбанистички план треба да се поклопуваат со нацрт планот за 100 –те типски куќи , следната недела завршува проектот за инфраструктурата за самите типски куќи, парите од европската банка ги префрлаат на институциите кои што го прават тоа со јавните набавки  и продолжува со исцртување на плацевите на типските куќи. Типските куќи се во фаза на изработка и таму се бараат проекти“, истакна Николов.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background