„Каде се парите? Случај Еуростандард Банка“- тема во денешниот „Стадион“ (ВИДЕО)

„Многу луѓе ми се јавуваат за поддршка, за патот кон вистината“, изјави сопственикот и еден од акционерите Трифун Костовски на веќе пропаднатата Еуростандард Банка во емисијата „Стадион“ на Канал 77, каде тема на емисијата беше „Каде се парите? – Случај Еуростандард Банка“.

Она што следно изјави Костовски дека ќе го преземе се барање правда по судските лавиринти, но и да се впери прст кон НБРМ по пропаѓањето на 11 банки.

„Објективно ние тука ги поминуваме сите процедурални постапки пред Апелација, Управен суд, па потоа Врховен суд, па дури и Уставен суд барајќи го патот за нашата вистина. Јас не сум правник но објективно ми е јасно дека секоја институција има алатки да работи и да преземе мерки. Ако вината ја префрлуваме само на акционерите или учесниците во тие банки, а НБРМ е само егзекутор тука нешто не чини. По пропаѓање на 11 банки, треба да се впери прстот кон Народна Банка како регулаторно тело. Мерките кои ги преземам во моментов бидејќи е веќе еве 40 дена откако помина од стечајот на Еуростандард Банка, јас ги повикав и институциите на прогонот, јавното обвинителство, МВР, Антикорупциска меѓутоа се е тишина, никој не се јавува ни да ме повика на разговор, бидејќи јас стојам отворено дека виновен сум за дел меѓутоа не комплетно. Системот тука максимално потфрли, системот во името на Народна Банка“, изјави во „Стадион“, Костовски.

Костовски тврди дека Еуростандард Банка немала проблем со ликвидност и со извршување на своите обврски.  Тој вели дека паѓањето на адекватноста е сосема природен процес ако некој има намера да те уништи.

„Банката не привредуваше, имаше забрана за работа со правни и физички лица и затоа и одеше тешко, посебно кога стапи вонредната ситуација, при што ни се забрани да вршиме присилна наплата. Кој е тој независен орган кој што би требало да функционира во еден заеднички интегрален систем, кој што се вика држава отворен систем Народна банка, да носи одлука за стечај, кога немаме ниту Влада, ниту Собрание, а туку што сме излегле од криза“, вели Костовски.

На прашањето дали се сомнева на некој кој стои за целата приказна за Еуростандар Банка, тој вели дека верува во системот, кој треба да ги истражи работите, тој има само сомнежи. „Јас во овој случај ги изгубив и парите и достоинството“, потенцираше Трифун Костовски. Вели дека не бил ничиј поданик, а нема ни да бидам можеби тоа е цената која што ја плаќам.

„Не сум убеден дека има политичка позадина, меѓутоа факт е дека Владата дозволи овој стечај да биде реализиран, дефинитивно имам и објективни причини да верувам дека има нешто“, вели Костовски.

Тој вели дека доколку стечајот трае кратко, а не долго колку што е праксата во нашата земја дефинитивно сите штедачи ќе бидат обештетени бидејќи банката имала недвижнини, хипотеки кои се надвор од билансот и кои што можат да влезат како готовина и апсолутно штедачите да бидат обештетени.

„Толку можам да гарантирам дека пари во банката има, бидејќи на денот на самото влегување кога се запечати банката имаше 27 милиони евра во кеш, готовина“, изјави Трифун.

Гувернерката не може да биде недопирлива, потенцираше Костовски.

„Народната банка не ги почитуваше процедурите. Еуростандард банка беше во можност да се докапитализира и да ги исполни условите и барањата од регулаторот да продолжи со работа, но тоа не ни го дозволија и два дена пред уплата на парите и пред настапот на сериозен инвеститор не шокираа и не затворија. Индикативно е и тоа што пред короната бевме во многу подобра позиција, но не оставија свесно пандемијата да не докусири и да ни го удрат сатаротЕ, вели сопственикот на Еуростандард банка, Трифун Костовски, кој не бега од одговорност за стечајот.

На новинарско прашање дали се плаши од кривично гонење, истакна „Јас не се плашам од кривична одговорност, но треба да се побара и одговорност на гувернерката која заедно со Народната банка не треба да се третира како недопирлива и како светец“, изјави Костовски.

Костовски зборуваше и дека напишал дрска благодардност до премиерот Зоран Заев.

„Со него комуницирав, но остана недоречен. Не можам да кажам ништо ниту, позитивно ниту пак добро, но дека тој учествувал во овој заговор не сум сигурен и не можам да тврдам со ништо“, додека пак со Фрчковски ги прекинал сите комуникациски врски.

„Фрчковски ми беше добар пријател додека си имаше некои свои интереси, не сум финансирал претседателска кампања, тој ми беше пријател ми доаѓаше на кафе, разговор. Но јас да дознаам дури покасно дека Фрчковски носел клиентела која е ставена во лошите пласмани, тоа не можам да му го заборавам и едноставно ги прекинав сите комуникации со него“, раскажа Костовски.

Борче Хаџиев директор на Фондот за осигурување депозити, информираше дека половина од штедачите кои се во законската рамка од 30 000 евра веќе се обештетни преку другите банки.

„Граѓаните за жал не се информирани доволно со законот со Фонд за обештетување од депозити. Фондот редовно им доставува на банките дописи кои треба задолжително да ги објавуваат на шалтерите, кои укажуваат дека депозитите се обезбедени до 30 илјади евра во денарска противредност по лице во банка. Со Еуростандард банка еве веќе четврт ден тече исплатата, од вторникот  почна исплатата и мислам дека над 50% од сумата депонентите веќе ја имаат повлечено, што значи се исплатени 50% од средствата“, изјави Хаџиев.

Дали има долгови од претходните пропаднати банки и дали е се исплатено, Хаџиев вели во историјата на Фондот до сега има 11 извршни настани, од кои 99 % се исплатени, тие 1% депоненти се од последната Македонска банка и тие кои се уште не дошле да си ги подигнат парите.

Тој ги повика граѓаните да бидат повниматлени кога вложуваат пари во банките.
„Најдобро е да ги распоредат депозитите во повеќе партиции на повеќе членови од семесјтвото и во повеќе банки“, вели Хаџиев.

Поранешниот гувернер на НБРМ Петар Гошев пак со став дека кривична одговорност треба да сносат главните актери за стечајот на Еуростандард банка. Тој  во целост ја подржува одлуката на Народната банка за одземање на лиценцата на Еуростандард Банка. Според него регулаторот бил и премногу трпелив давајќи им многу шанси и надеж на сопствениците и на менаџерите во Еуростандард банка, но очиглено тие не си ги исполниле обврските, и ако не ја зтавореле банката и не постапеле како што налага законот тогаш тие ќе се соочеле со кривична одговорност.

„Станува збор за банкарски ентитет чија што адекватност на капиталот паднала под 2 отсто. законскиот миниуму е 8 проценти, а најголем дел од банките имаат во просек по 16 проценти. Со новите законски решенија по автоматизам Народната банка мора да поднесе кривични пријави, за сите актери кои придонеле за стечајот на банката“ вели Гошев во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background