Калајџиев: Се плашам од ујдурми и влијание на нашиот судија Илиевски во Стразбур (видео)

Не треба да се биде пророк, туку да се познава правото за да се предвиди дека ова ќе ни се случува со предметите на СЈО пред судот за човекови права во Стразбур, каде што обвинети  бараат аболицијата на Иванов да важи,вели професорот Гордан Калајџиев во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.

Според Калајџиев повлекувањето на аболицијата е главниот проблем за кој прашува Стразбур, оти претпоставува согласно меѓународното право и пракса дека претседател на држава е сериозна инситутција  која не се зафркава со давање или одземање помилување на луѓето. Поништувањето се случило со закон кој е донесен подоцна и е на штета на помилуваните, како што одлучил и грчкиот Врховен суд во случајот со пребеганиот Грујовски. Затоа на одземање на помилувањето кое не е предвидено никаде се гледа со голем сомнеж.
 
– Се гледа од почеток дека имало проблеми, а сите се правеле на „Тошо” и кога ќе дојде нож до коска тогаш решаваме, а тоа е исто како студент кој учи на три дена пред испит. Сега на државта и останува да докаже дека стануваше збор за сериозно тешко  кршење на човекови права во Македонија, за кои не се дава помилување или амнестија. Дека станувало збор за заробена држава. Треба да се покаже тоталитетот на случаите, извештаи на Прибе, на Еу – вели Калајџиев.

Според него невообичаено е што десет слични предмети се поделени во две групи.

– Се надевам дека не е некоја ујдурма во кулоарите на Стразбур или влијание на нашиот претставник Јован Илиевскии – баџанакот на Мијалков. Тој и да се изземе, со самото седење и дружење со колеги во судот може да влијае. Им правел различни услуги, на ти го дај ми, руча со нив, си кажуваат приватни работи…Значи човечки дури и да не се свесни дека се корумпираат – рече професорот Калајџиев, кој не ја исклучува и можноста тогашната власт и обвинетите да направиле добра математика па ги поништиле помилувањата знаејќи дека сето тоа ќе падне после во Стразбур.

– Кога политичарите го водат судството и реформите се е можно, но жално е што меѓу домашните експерти наместо правна дискусија повеќе се третира ова прашање за заземање политичка страна во правната аргументација. Има начин како да стигнеме до правдата , не можеме да ги пукаме у колено одма. Правдата не е Клин Иствуд и Dirty Harry. – додава Калајџиев, кому му е многу жал што СЈО како институтција не продолжи во функција на борбата против високата корупција и криминал и повика да го прашаме претседателот Пендаровски зошто се откажал од една од главните три точки во кампањата – постоењето на специјалното јавно обвинителство и како се случи преку ноќ толку да го замрази и да молчи.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background