Млеко за витка става
Млекото за појадок, може да го спречи таложењето на килограмите, сугерираат новите истражувања. Наспроти вообичаените тврдења врзани за исхраната истражувањето покажало дека чаша млеко за појадок во комбинација со житарици или тост остава чувство на поголема заситеност отколку џус во истата комбинација.
„Млекото, само по себе нема да ви помогне да ослабите, но може да ви го намали апетитот и чувството на глад, така што полесно ќе издржите до наредниот оброк“ – изјавила Др. Ема Дов.
Додава дека овој факт е комплетно спротивен од она во што веруваат повеќето луѓе кои се на диета.
Низ истражувањето на дел од луѓето им била давана чаша млеко, а на останатите сок со иста количина. По неколку часа им биле понудени сендвичи.
Оние кои пиеле млеко за доручек изеле за 10% помалку сендвичи и изјавиле дека се чувствуваат сити и задоволни.