Моќта на маслиновото масло
Маслиновото масло е познато по своите нутритивни вредности во исхраната, но и како еден од најделотворните природни состојки во козметичките производи. Освен тоа, важи за природен лек за многу заболувања и пореметувања во организмот. Затоа неопходно е секогаш „при рака“ во домот да имате шише со маслиново масло .
За здраво срце- како едно од основните состојки на медитеранската кујна, маслиновото масло е познато по својата улога во превенција на кардио-васкуларни заболувања. Масните киселини, анти-оксидансите и силициумот кои се наоѓаат во него, го балансираат нивото на холестерол во крвта и ги штитат артериите. Без да ја зголемувате вообичаената доза на маснотии, се препорачува да го замените маслото кое го користите со маслиново, ако веќе не користите такво.
За подобро варење- Маслиновото масло ја помага работата на црниот дроб и цревата, а стомакот добро го поднесува. Делува како лаксатив, помага во борбата со опстипација на цревата, кое често доаѓа поради претерано седење и стрес. Експертите препорачуваат да земете една до две мали лажички маслиново масло наутро, на празен стомак и така за брзо време ќе ги решите проблемите со варењето на храната.