Направете домашна напивка против настинка

Настинката и грипот спаѓаат во најчестите заболувања на респираторниот тракт, а настинката се јавува почесто отколку сите болести заедно. Повеќето луѓе настинуваат и по неколку пати годишно, обично на пролет и есен. Ако чувствувате дека ќе се разболите мора веднаш да преземете неопходни мерки.

Оваа напивка е замена за популарните прашоци за растворање, а може да ја направите сами без воопшто да одите во аптека. Како што се тврди, оваа напивка е исто толку ефикасна како и оние кои ги купувате.

Еве што треба да направите:

Во 1,5 литри зовриена и оладена вода до собна температура додајте една супена лажица крупна сол, сок од еден лимон и 1 грам аскорбинска киселина. Витамин Ц во прав во себе содржи аскорбинска киселина. По желба може да додадете лажица мед. Добро измешајте и испијте го овој раствор во рок од 1,5 часа. По потреба повторете уште еднаш.

Извор: Макфакс


Во етер
Наслов
Изведувач

Background