Наум Петрески: За една вечер земав 12.000 марки бакшиш
Фолк ѕвездата Наум Петрески за време на неговата кариера која трае над ти децении, доживеал многу добри и лоши нешта. Така изгледа животот на музичарите и пејачите, кои во текот на животот се среќаваат со луге со различни карактери.
„Беше многу одамна, во Вечани. Вечерта земавме околу 12.000 марки и околу 3.500 швајцарски франци“, раскажа Наум во емисијата „Еден на Еден“, која ќе се емитува в недела.
Во ова шоу тој раскажува многу анегдоти од неговата авантура како ловџија и риболовец, многу приказни од патувањата низ светот, а Наум неколкупати го има прошетано светот од Америка до Австралија, секаде каде што живеат Македонци.