Најбогатиот македонски градоначалник: Си имам доволно за себе

Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, според прикажаниот имотен лист е најбогатиот градоначалник во Македонија. Ноќен експрес го праша Алексовски за неговото богатство.

– Кога станав градоначалник јас поднесов анкетен лист каде беше пријавен и имотот од 330 000 м2 вратен со денационализација кој по моја слободна проценка изнесува 3.330 000 евра.

Јас имам и свои фирми кои работат и со кои управуваат луѓе кои се поставени таму. Јас тие фирми ги имав и пред да бидам градоначалник и се ставени на анкетните листови вели најбогатиот градоначалник во Македонија Арсенчо Алексов.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background