Не треба да се исполнува нечии список на желби-Државата мора да размисли дали има потреба и пари да се гради нов Клинички центар

Новиот Клинички центар во Скопје треба да биде помал и државата да разамисли добро дали има потреба и пари за тоа. Да не се дозволи тоа да биде исполнување на нечии список на желби , кажа при денешното гостување во емисијата Стадион на Канал 77, очниот хирург, д-р Наум Трпеноски.

„ Се прави огромна грешка. Не може во таа математика за Клинички центар да не се вклучат Систина, Клиниката „Жан Митрев“, Ремедика и сите други. Кога тие капацитети би дошле рамноправно, на тој ваучер систем и да се вклопат, на еден начин се поддржат и тие да станат подостапни за Фондот, тогаш потребата за Клиничкиот центар станува многу помала, затоа што овој приватен систем во Македонија многу напредна. Во Македонија има многу незадоволство од државниот систем, тука се влезени големи здравствени системи и тие мора да се вклучат и искористат. Студентите од УГД доаѓаат и својата специјализација ја обавуваат во овие болници,“ вели Трпеноски.

Тој смета дека на Македонија и треба Клинички центар, но не во таков обем како што беше планирано. Прво треба да се заврши штипската Клиничка болница и тој да ги апсорбира пациентите од источна Македонија, и не за се’ да се доаѓа во Скопје. Ако се прави таков огромен Клинички центар прво тој нема шанси да има квалитет, ниту пак некогаш ќе има, смета Трпеновски.

Според интервентниот кардиолог, д-р Иван Милев изградбата на нов Клинички центар е само трошење на пари, непотребна инвестиција.

„ Треба да се интегрираат постоечките капацитети, да се направи само дисперзија  на трудот, да се систематизираат и да се искористат сегашните услови. Да се растерети стариот Клинички центар  заради сообраќајните околности што тој сега ги има и дел од клиниките што се функционални да си останат. Повторно ние се соочуваме со недостиг на персонал а зборуваме за градење на нови згради. Тоа е тотално непотребно,“ кажа д-р Милев во денешното гостување на емисијата Стадион на Канал77.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background