Оваа детокс салата е хит на интернет
На социјалните мрежи редовно се споделуваат бројни рецепти за разни салати, но само некои од нив стануваат вистински хит, посебно на „Pinterest“. Токму од оние мега популарните е оваа салата која има префикс – детокс, а во која главна улога имаат доматот и краставицата како намирници кои се нискокалорични и содржат многу вода. Посебно важен елемент е и авокадото кое е богато со незаситени масти и влакна кои помагаат при слабеењето, но исто така и ја регулираат дигестијата. Ова значи дека салатава е вистински пријател на оние кои сакаат да симнат некој килограм.
Состојки
-авокадо
-свеж магдонос
-свежа краставица
-лимон
-кромид
-шери домати
-црн бибер
-сол
-маслиново масло
Начин на подготовка
Исечканите домати, краставици и кромид, измешајте ги во еден сад. Авокадото пресечето го на половина, извадете ја семката и едниот дел на авокадото исечкајте го и додадете го со останатите намирници. Ситно исечкајте го магдоносот и ставете го врз целата салата, а потоа зачинете со маслиново масло и сок од лимон.