Перо Антиќ: Легендите се сакаат додека се живи

На почетокот на годинава Македонија и светот се збогуваа со две кошаркарски легенди. Во Скопје во сообраќајна незгода загина кошаркарската легенда Благоја Георгиевски Буштур, кој целата кариера ја посвети на„ Работнички“,  а во Америка во хелихоптерска незгода загина играчот на Л.А. „Лејкерси“,  Коби Брајант. Две големи спортски  имиња за да се испратат достојно. Но, како тоа се прави кај нас а како на своето последно патување се испраќаат НБА ѕвездите. Споредбата ја направи македонскиот кошаркар кој на почетокот на кариерата  бил дел од Работнички, дел од НБА а сега актуелен претседател на КФМ, Перо Антиќ.

-За да се испратат легендите прво треба да се испочитуваат пред ова да се случи. Сите ние не ги почитуваме легендите додека се живи.  Чекаме да се случи нешто вакво па да се види нивната вредност. А што се однесува до нивното последно испраќање, што и да направиме не е доволно,. Жална е темата. За Буштур направивме колку можевме. Како Федерација планираме купот да го крстиме Буштур, иницијатива спортската сала „Кале“ да се вика Благоја Георгиевски- Буштур, но за тоа ке се одлучи понатаму, треба да се вклучат поголеми институции и да се одбележат и личности кои доста придолене во спортот, вели Антиќ.

Тој почувствува како е да се игра со светски звезди, две години беше дел од тимот на „Атланта“.

„Искрено на последно испраќање на странска ѕвезда не сум присуствувал, само што сум гледал.  Сето тоа што се прави е очекувано од Западот, бидејки си ги почитуваат легендите додека се живи. Кај нас се знае, балкански менталитет. Удри по секој. Треба да се случи нешто вакво за да ни биде жал. Да велиме да беше ваков, да беше таков. Не зборувам само за спортисти, зборувам за музичари, за многу луге кои придонеле за афирмација на нашата држава во странство. Значи треба да се почитуваме додека сме живи, потоа е веќе доцна“, додава тој.

 

 

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background