Поравилник за доделување на подароци на Радио Канал 77 во соработка со Qatar Airways

ПРАВИЛНИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПОДАРОЦИ НА РАДИО КАНАЛ 77 ВО СОРАБОТКА СО QATAR AIRWAYS

Член 1
Со овој правилник се уредува доделувањето на подароци-авиобилети во програмата на Радио Канал 77 а во соработка со Qatar Airways во период од 29.05.2017 година до 02.06.2017 година.

Член 2
Целта на доделувањето на подароците е остварување на промоција на QATAR AIRWAYS преку поврзување на слушателите на Радио Канал 77 и јакнење на брендот на QATAR AIRWAYS.

Член 3
ТРД Радио Канал 77 во соработка со QATAR AIRWAYS, во период од 29.05.2017 година до 02.06. 2017 година, во програмата секој ден ќе подарува по 1 повратен авиобилет, односно вкупно 5 повратни авиобилети.

Член 4
Секој работен ден од понеделник до петок, водителот повикува еден слушател да се јаве на телефонскиот број 032/ 397 707 за да одговори на прашањето поврзано со QATAR AIRWAYS. Останатите слушатели своите одговори е потребно да ги дадат на бесплатниот телефоснки број 0800 80 222 каде треба да го кажат одговорот на прашањето, своето име и презиме и телефонски број. Сите точни одговори до 12 часот учествуваат во извлекувањето за тој ден кое ќе се случи најдоцна до 14.00 часот истиот ден.

Член 5
Вкупно се подаруваат 5 авио билети во пет работни дена, а лице кое е добитник на подарок нема повторно право да учествува во доделувањето на подароците, односно потребно е да има 5 различни добитници на подароци.

Член 6
Радио Канал 77 добитникот го објавува во етер.

Член 7
Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија, освен вработените во Радио Канал 77 и QATAR AIRWAYS како и членовите на нивните семејства. Радио Канал 77 не е одговорен доколку добитникот одбие да го земе подарокот. Учесниците ги прфаќаат овие правила и се согласни нивните податоци да бидат користени за маркетинг или промотивни активности од страна на двете компании.

Член 8
Авиобилетот е по избор на добиникот но потребно е да биде од Скопје до која било дестинација на која оперира QATAR AIRWAYS.

Член 9
Авиобилетот мора да биде искористен еден месец откако канцеларијата за резервации на QATAR AIRWAYS ќе биде отворена во Скопје. До тогаш правото на добитникот е резервирано за искористување на авиобилетот.

Член 10
Авиобилетот е подарок од авио компанијата QATAR AIRWAYS а сите останати трошоци, како аеродромски такси и слично, ќе мора да бидат подмирени од страна на патникот.

Член 11
Авиобилетот може да го искористи само добитникот, менување на име на патник не е дозволено.

Член 12
Седиштата се лимитирани и се предмет на достапност.

Член 13
Подарокот не може да се замени во пари.

Член 14
Учесниците се одговорни за доставувањето на лични податоци и тие мора да бидат точни како во нивните лични документи кој ќе им послужат при идентификација и подигнување на подарокот.

Член 15
Радио Канал 77 има обврска само да го спроведе извлекувањето на добитниците на подароците, а обврската за реализација на подароците ја има QATAR AIRWAYS.

Член 16
Овој правилник е со важност во периодот на доделувањето на подароците.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background