Правила за преживување на овие пеколни горештини

Се’ уште владеат високи температури и не’ очекуваат топли денови. За полесно да ги преживеете жештините, следете ги следните препорачани мерки и правила кои ние ви ги препорачуваме:

Никако на сонце од 10 до 17 часот.

При излегување, задолжително заштитете ја главата.

Дневно пијте од 2 до 3 литри течности.

Избегнувајте пржена, мрсна, слатка и зачинета храна.

Повозрасните треба редовно да го контролираат крвниот притисок.

Движење низ градските жештини исклучиво рано наутро и во вечерните часови.

Јадете големи количини сезонско овошје и зеленчук.

Внимателно со температурата во автомобилите. Избегнувајте големи температурни разлики.

Носете памучни и летни тенки пријатни материјали.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background