„ПРЕСПАВ“ ЈА НАЈАВИ НОВАТА ВОНРЕДНА ЕПИЗОДА „КОВИД ЕДЕН БЕЗ ДВАЕСЕТ“ (ВИДЕО)

“Преспав: КОВИД еден без дваесет е специјална епизода од ТВ серијата „Преспав“ и ја направивме затоа што хуморот и ведрината се добра емотивна поддршка во овие моменти кои бараат солидарност и заедништво.

Епизодата се реализираше од 21.04.2020 до 24.04.2020 во студијата на МРТ, при што покрај стандардите за продукција на ТВ програма во услови на пандемија, преземени беа дополнителни мерки за заштита на сите вклучени во продукцијата, според препораките на СЗО.

Целиот тим работеше на епизодата волонтерски и доброволно, а средствата собрани од маркетинг пораките во епизодата ќе бидат уплатени на сметката на Фондот за борба против COVID-19.“ објави продуцентот Пеце Талевски.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background