Роден е без раце и нозе, биолошката мајка се откажа од него, но тоа не го спречува да го живее животот од соништата

Габриел се роди со Ханхартов синдром, пореметување кое предизвикува деформација на рацете и нозете или недостаток на тие делови од телото.

Неговата биолошка мајка не можела да се грижи за него, па поради тоа го напуштила. Тој на многу им е инспирација, а се обидува да остане самостоен колку што може и наутро со устата го средува креветот, се тушира, сам слегува по скали и подготвува доручек.

“Кога некој ќе ми каже дека нешто нема да можам да направам, токму тогаш се обидувам уште повеќе да успеам. Неизмерно сум благодарен што имам семејство кое ме поддржува, но не се обидува да направи ништо наместо мене. Кога бев мал се прашував зошто тие не прават ништо наместо мене, бидејќи јас немам ниту раце ниту нозе, но сега сум благодарен што не правеле. Постојано ми велеа: “Не, ти тоа го можеш сам”, раскажа ова младо момче.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background