Сами направете освежувачки напиток од кој се слабее

Напитокот не мора да е есктремно ладен за да ве освежи, ниту пак посебно комплициран за да ви помогне да симнете некој килограм. Таков е овој во прилог – се прави едноставно, се конзумиран доволно ладен, а има моќ на забрзување на метаболизмот, а со тоа помага и во отстранување на вишокот.

Рецептот има само три состојки. Тоа се зелен чај, портокал и мента. Постапката за приготвување е навистина едноставна. Во бокал ставете 8 шољи зелен чај во комбинација со 2 резанки од портокал и една полна рака лист од мента. Овој микс треба да стои во ладилникот во текот на ноќта, а веќе утрото е подготвен за конзумирање.

Зелениот чај го забрзува метаболизмот за цели 12 %, портокалот помага во согорување на маснотиите. Додека ментата најмногу е присутна заради вкусот, така што би можела да се замени со лимон или мандарина на пример.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background