Седум причини заради кои секој ден треба да конзумирате сок од моркови
Ретко кој има навика секојдневно да пие сок од зеленчук и тоа е огромна грешка. Соковите од свеж зеленчук содржат многу поголеми количини хранливи вредности и витамини, отколку купечките.
Доколку сакате да започнете со оваа здрава навика, не би било лошо да почнете со сок од моркови.
Корисен е за црниот дроб
Тие ја подобруваат работата на црниот дроб, со тоа што му помагаат на телото полесно да ти исфрли отровите.
Спречува развој на тумор
Големите количини на каротеноиди во морковите може да ви помогнат да ги спречите специфичните видови тумори да се развијат.
Го намалува холестеролот
Морковот содржи голема количина растителни влакна растворувачи, кои се врзуваат со холестеролот и му помагаат на телото да го исфрли како отпад.
Морковот е добар за очите
Не е за изненадување дека големите количини на витамин А и бета каротен имаат позитивно влијание на видот и очите.
Го подобрува квалитетот на кожата
Благодарение на витаминот А, морковите го спречуваат сушењето на кожата. Истражувањата покажуваат дека морковот делува благотворно и кај некои кожни болести како псоријазата. Исто така, помага при лекувањето на лузни.
Дава енергија
Морковите содржат големи количини железо кое му е неопходно на организмот за да остане активен.
Го подобрува квалитетот на забите
Уште една работа која ја има во морковите се материите со антибактериски својства кои го штитат коренот на забот, а истовремено ви помагаат да имате и побела насмевка.