Се’ за храна: Дали треба да се пие вода по мрсен и калоричен оброк?
Јануари е месец на празници, па сите уживаме во домашните специјалитети кои се многу вкусни, но не се диетални. А дали знаете како влијае пиењето на вода по мрсен и калоричен оброк? Еве неколку совети кои треба да ги знаете за влијанието на пиењето на ладната и топла вода во телото штом јадете калорична и мрсна храна.
Пиењето на вода пред оброк може да ви помогне во борбата со килограмите, затоа што полниот стомак ќе ве направи сити со што ќе изедете помалку храна. Но, пиењето на вода по мрсен и калоричен оброк може да ви предизвика проблеми и да го поттикне зголемувањето на вишокот на килограми. Исто така добро е да знаете што велат нутриционистите на прашањето: Дали треба да се пие вода за време на оброк?
Сите лекари не се сложуваат со оваа констатација, па кога ќе го прашате вашиот лекар сигурно ќе ве советува да го намалите консумирањето на мрсна храна. Која е вистината?
Мрсна храна
Колку храната содржи масти може да дознаете на едноставен начин, со читање на етикетите. Храната која е богата со масти и често ја користиме се полномасното млеко, путерот, сирењата, сланината, колбасите и сите други работи кои ги обожаваме. Оваа храна содржи високо ниво на заситени масти кои во го подигнуваат нивото на лош холестерол. Мастите исто така го подигнуваат нивото на триглицериди кои може да предизвикаат создавање на наслаги на крвните садови. На тој начин, се намалува протокот на крв во телото, а тоа доведува со покачен крвен притисок и срцеви заболувања.
Варење на мастите во телото
Организмот ги дигестира мастите со помош на ензими кои се создаваат во панкреасот и црниот дроб. Црниот дроб произведува жолчни киселини кои се комбинираат со мастите. Како што мрсната храна поминува низ цревата, жолчните киселини ги раствораат мастите. Нашето тело ги апсорбира потребните масти, а остатокот го исфрла од организмот.
Влијание на водата врз варењето на храната
Пиењето на топла вода во облик на чај може да го подобри варењето на маститезатоа што ги одржува во течна состојба и не му дозволува да се стврднат. Тоа може да ни помогне мастите побрзо да поминат низ гастроинтенстиналниот тракт, а непотребните да се елиминираат. Ако додадете малку лимон ќе ги искористите овие 5 придобивки од пиењето на топла вода.
Ладната вода од друга страна, ги стврднува мастите и го забавува процесот на варење. Главен проблем е тоа што на организмот му треба повеќе време да ги апсорбира мастите, него да ги исфрли, а како резултат на тоа добиваме вишок на килограми, покачен холестерол и триглицериди.
Најдобро решение за добро здравје
Најдобро е да се напиете вода пред оброкот, така што ќе го намалите внесот на мрсна храна при јадењето. Две чаши вода, 30 минути пред оброк може да ви помогнат да бидете помалку гладни и да изедете помала количина на храна.
По оброкот, трудете се да пиете топли напитоци кои ќе го забрзаат варењето на мастите. Заборавете на ладните пијалаци кога во прашање се мрсни и калорични оброци, кои најчесто ги јадеме за време на празниците.
Превземано од sezahrana.mk