Се’ за храна: Краставица – ублажува глад, отстранува стрес и чисти санитарии!
Овој воден и сочен плод, не само што има многу позитивни влијанија врз нашето здравје, туку можете да го употребите и како средство за чистење. Вкусната краставица е многу благодарен зеленчук за одгледување. Има пријатен мирис и вкус, а дали сте знаеле дека има моќ и да чисти?
Со помош на краставица можете да се ослободите од неколку кујнски, но и здравствени проблеми. Прочитајте како.
Хранливи материи
Краставицата содржи најголем број на минерали кои се потребни за денот. Содржи витамин Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, фолна киселина, витамин Ц, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум и цинк, а има навистина малку калории. Повеќе за хранливата вредност на краставицата прочитајте тука.
Енергија
Се чувствувате уморно попладне? Оставете го кафето и каснете краставица. Таа е одличен извор на витамини Б и лесно искористливи јаглени хидрати, па ќе ве обезбеди со енергија за наредните неколку часа. Освен тоа, полна е со вода, а тоа често му недостасува на организмот.
Го убжажува гладот
Чувствувате глад пред спиење? Земете краставица! Со векови наназад краставиците се користеле како „брз оброк“ кој го отстранува чувството на глад многу брзо.
Чистење на санитарии
Сакате природен производ за чистење на лавабото, мијалникот, одводот? Земете кришка краставица и „фрлете“ се на работа. Истријте ја површината која сакате да ја исчистите и не само што ќе се отстрани нечистотојата, туку санитаријата и ќе заблеска, а вашите раце ќе останат неоштетени и чисти. Исто така, со помош на краставица може да го исчистите огледалото, без да се гледаат трагите откако ќе се исуши.
Мамурлак и главоболка
Ако сакате да ги избегнете последиците од лудиот провод изедете неколку краставици пред да легнете. Ќе се разбудите освежени и без главоболка. Краставиците ќе ги надополнат електролитите и есенцијалните материи кои телото ги изгубило. Освен тоа, 90% од содржината на краставицата е вода, а тоа е она што му треба на организмот после голема доза алкохол.
Го освежува здивот
Само што сте ручале на работа, а немате мастика или ментол бонбона? Земете парче краставица и ставете го на непцето, притиснете со јазикот и држете го парчете околу 30 секунди. Брзо и лесно ќе ги отстраните мирисите ор ручекот.
Отстранува стрес
Ако немате време за масажа или спа центар, исечете краставица и ставете ја да зоврие. Материите од краставицата ќе се измешаат со водата која испарува и ќе создадат арома која опушта и проверено го намалува стресот.
Ви препорачуваме да прочитате: Краставиците се поздрави од што мислите – 9 здравствени придобивки.
Превземено од: sezahrana.mk