Се’ за храна: Мали препораки со огромна важност за здравјето на срцето
Срцето е најважниот орган и тоа сите повеќе или помалку го знаеме. Но, дали знаете на кој начин да го зачувате здравјето на вашето срце? Во продолжение погледнете листа на мали препораки кои се од огромна важност за здравјето на срцето.
Докторите советуваат дека клучот за долговечен, здрав и безгрижен живот е токму здравото срце. За да го постигнете тоа треба добро да бидете запознаени со препораките кои секојдневно ги изнесуваат лекарите. Срцето е комплексен орган, но сепак можете да го заштитите и зајакнете само со неколку секојдневни трикови.
Направете промени во исхраната
Некои истражувања покажаа дека дури до 30% од срцевите и мозочните удари, како и многу други срцеви заболувања може да се спречат доколку луѓето се хранат на медитерански начин. Тоа значи дека треба да јадете повеќе храна богата со маслиново масло, јаткасти плодови, мешунки, риба, овошје и зеленчук. Исто така, треба да консумирате повеќе интегрални житарки.
Може да ве интересира: Медитеранска исхрана за долг живот: 8 намирници кои ја прават една од најдобрите.
Внимавајте после бременост со прееклампсија и гестациски дијабетес
Жените кои во текот на бременоста имале одредени компликации како гестациски дијабетес или преклампсија, особено треба да го чуваат своето срце. Некои истражувања покажаа дека жените со овие проблеми се под зголемен ризик да заболат од срцеви болести. Разговарајте со својот доктор и одете на редовни контроли.
Дишете длабоко
Во денешно време скоро и да не постои личност која не е под стрес, но сѐ се сведува на тоа како ќе реагирате на тој стрес. Неколку минути длабоко дишење во текот на денот се доволни за да се намали нивото на стрес во организмот. Тоа е од огромна важност, затоа што колку е помало ниво на стрес, толку помалку сте под ризик од воспалителни процеси во вашето тело. Затоа, пронајдете време за релаксација и опуштање.
Спијте повеќе
Истражувања покажаа дека лицата кои спијат помалку од 6 часа на ден, се под зголемен ризик од калцификација на коронарната артерија, а тоа е еден од предзнаците за срцеви заболувања. Спиењето на само еден час подолго, го намалува тој ризик за дури 33%. Па, ако сте во оваа група, спиењето нека постане ваш приоритет.
Движете се секој ден
Само 30 минутна физичка активност и тоа со умерен интензитет, може да направи навистина огромни промени во вашето здравје. Може да шетате, возите велосипед, пливате или танцувате. Овие активности ја забрзуваат работата на срцето и поволно влијаат на здравјето. Затоа, секој ден шетајте барем по 1 час. Дознајте како може со физичка активност да го подобрите здравјето.
Бројте ги вашите чекори
Купете си педометар или инсталирајте таква апликација во вашиот паметен телефон. Поентата е во тоа да следите колку чекори сте направиле во текот на денот. Истражувањата потврдија дека ако го зголемите бројот на чекори, ги намалувате за 2000 пати шансите да заболите од срцеви заболувања.
Проверувајте го крвниот притисок
Многу е важно кога правите редовен преглед кај матичниот доктор, да го проверите и крвниот притисок. Тоа е од големо значење, особено ако во блиската фамилија имате лица со срцеви проблеми.
Намалете го обемот на стомакот
Според некои статистики, колку е поголем обемот на стомакот, толку е поголем ризикот од срцеви заболувања. Затоа, доколку имате поголеми масни наслаги во пределот на стомакот би требало да се погрижите за режимот на вашата исхрана и да започнете да правите вежби за овој дел од телото.
Ви препорачуваме да прочитате: Исхрана за превенција од срцев удар.
Превземено од: sezahrana.mk