Се’ за храна: Што треба да има во чинијата за здрав појадок?
Сигурно многу пати сте слушнале дека појадокот е најважен оброк во денот. Затоа вреди да вложите малку повеќе време за да си обезбедите висококвалитетна храна која ќе ви ја даде потребната енергија, а нема лошо да влијае на вашето здравје. Доколку за појадок изберете храна со низок гликемски индекс, организмот ќе може подобро да ги согорува мастите за време на вежбањето, а и неколку часа потоа. На тој начин, ќе ја задржите посакуваната телесна тежина и доброто здравје.
Вклучете протеини во порцијата
Протеините ќе ви дадат чувство на ситост, а освен тоа ќе ги обезбедат потребните аминокиселини кои се неопходни за обновување на мускулите. Млечните производи како јогуртот и млекото, нека бидат прв избор за креирање на појадокот. Јогуртот е одличен извор на протеини и содржи околу 8 до 10 грама по порција. Се препорачува со јогуртот да испиете и една чаша вода, затоа што јогуртот ја помага апсорпцијата на водата во цревата. На тој начин ќе бидете хидрирани и свежи. Покрај млечните производи, и некои растенија се одличен извор на протеини. Прочитајте како може да внесете доволно растителни протеини за време на појадок.
Совет плус: Направете смеса од овесни снегулки и суво овошје, а потоа чувајте распоредете ја во мали кесички. Држете ги на посебно место во кујната, секогаш нека ви бидат на дофат и подгответе ги кога ќе немате многу време. Промешајте ги со јогурт или млеко и уживајте во брзиот здрав појадок.
Не ги избегнувајте јагленохидратите
При изборот на јаглените хидрати најдобро е да вклучите житарици во цело зрно. Тие се важен извор на растителни влакна, но сепак мора да внимавате при изборот. При купување изберете житарици кои имаат ниска вредност на масти и калории, а голема вредност на растителни влакна, како што е овесот.
Совет плус: Додајте ги во кисело млеко или јогурт, ставете неколку лажици малини и лешници за да ви биде уште повкусно. Житариците ќе ве заситат дури до ручекот.
Искористете ги витамините и растителните влакна од зеленчукот или овошјето
Добриот појадок, покрај протеини и јагленохидрати, треба да содржи витамини и растителни влакна. Најдобар избор за тоа се свежиот зеленчук или овошје. Ако не сте голем љубител ви препорачуваме да ги прочитате овие идеи ќе ве мотивираат почесто да јадете овошје и зеленчук. При подготовката на појадокот, во половина од чинијата ставете го омилениот зеленчук. Покрај тоа, не заборавајте да се напиете јогурт. Тој освен со протеини е значаен извор на витамините Б5 и Б12, чија задача е да ги чуваат црвените крвни клетки и здравјето на нервниот систем.
Совет плус: Сите кои што не можат да појадуваат наутро, најдобро е да направат свежо цеден сок или смуди. Одмрзнете го вашето омилено овошје и дотурете кисело млеко или јогурт, добро измиксирајте го и испијте го до последната капка. На тој начин ќе внесете доволно витамини и растителни влакна за енергичен почеток на денот.
Друга идеја е да направите зелено смуди, кое е одлична замена за појадок кога сте во брзање. Потребни ви се следните состојки:
- 20 грама SLC Meal Replacement од ванила (повеќе за заменскиот оброк, прочитајте тука)
- 100 мл полумасно млеко
- 100 мл вода
- 1 банана
- 30 гр спанаќ.
Сите состојки ставете ги во блендер и измиксирајте ги. Започнете го денот полни со енергија!
Ви предлагаме да прочитате: 3 правила за појадок кои мора да ги почитувате.
Превземано од sezahrana.mk