Се’ за храна: 7 совети како да припремите највкусна пржена риба
Кога зборуваме за подготовка на риба, уште веднаш можеме да ви посочиме дека иако пржената риба е многу вкусна, препорачуваме почесто да ја подготвувате печена во рерна, и тоа во тава или во фолија. Варената риба ретко на кој му се допаѓа, а исто така како и печената во најголема мера задржува од квалитетните нутритивни карактеристики на рибиното месо. Сепак, бидејќи многумина обожаваат да подготвуваат вкусна пржена риба која ќе го задоволи вкусот и на најпребирливите гурмани, еве неколку совети.
Рибата, освен што содржи здрави масти, драгоцени за заштита од кардиоваскуларните болести,борбата против стресот и подобрување на концентрацијата, претставува и богат извор на минерали. Морската риба е богата со јод, калиум, натриум и бакар, додека слатководната риба содржи помало количество на натриум и јод. Докажано е дека рибиното месо и рибиното масло како составен дел на редовната исхрана ја намалуваат веројатноста за настанувањето на инфаркт, ги штитат коските, го спречуваат настанувањето на ракот и го успоруваат процесот на стареење.Повеќе за тоа може да прочитате тука.
Пржењето на рибата е еден од наједноставните начини за припрема. При овој начин на подготовка, најдобро е да се добие крцкава кора, но и месото да остане влажно.
Неколку совети за највкусна пржена риба:
- Изберете соодветна риба за пржење. Лососот и другите риби со црвено месо, помрсните риби во главно, се погодни за пржење. Исто така, рибите кои имаат тенка кожа, овозможуваат добар вкус кога се пржени. Туна и сабјарка не се добар избор за пржење бидејќи имаат подебела кожа.
- Филетите исушете ги со помош на крпа пред да ги пржите.
- Рабовите на филетите засечете ги плитко на неколку места.
- Непосредно пред пржење зачинете ги рибите со сол и црн пипер по желба. Ако ги посолите прерано, солта ќе ја извлечи влагата од рибата и ќе добиете суво месо.
- Користете тава во која топлината се распределува рамномерно. Најдобро е да користите тава од нерѓосувачки челик или тефлон. Пред да додадете масло, благо загрејте ја тавата.
- Ако пржите филети, прво во тавата ставете ја страната со кожа. Не грижете се ако се залепи, рибата е пржена кога сама ќе се издвои од тавата, а за тоа да е така треба да ја ставите во врело масло и да не ја поместувате додека се пржи.
- За време на пржењето благо протресувајте ја тавата, за да не гори кожата за време на пржењето, но и да стане крцкава. По неколку минути, кога рибата е „одлепена“, свртете ја на другата страна и продолжете со пржење како и претходно.
Ви препорачуваме да прочитате: 7 најздрави видови на риба според нутриционистите.
Превземено од: sezahrana.mk