„Спајс Грлс“ ќе се појават како суперхероини во анимиран филм
Девојките од „Спајс грлс“ ќе се најдат во улога на суперхероини во анимиран филм во филмското студио „Парамунт“. За разлика од новата турнеја, ќе бидат вклучени сите пет членки.
Викторија Бекам, исто како и Ема Бантон, Мел Си, Џери Халивел и Мел Би ќе ги позајмат нивните гласови за филмот, а ќе изведат и некои свои песни.
„Тие многу се заангажираа за филмот“, велат од „Парамаунт“.
Филмот треба да излезе во 2020, а режисер засега не е познат. Првиот, игран филм за „Спајс грлс“ излезе во 1997 и беше голем комерцијален хит.