Сѐ за храна: Здраво пире со блитва

Секогаш е добро кога се патува и се запознава културата на друг народ, нивните обичаи и храна. Токму на едно наше патување имавме можност да пробаме пире со блитва кое многу ни се допадна.

Штом се вративме дома, решивме да го направиме и дегустираме со поширокото семејство, па така да им ги пренесеме спомените и да ја доловиме атмосферата од нашиот одмор.

Состојки:

  • 20 листови блитва
  • 3 поголеми компири
  • 1 чешне лук по желба
  • маслиново масло
  • сол
  • црн пипер
  • коцка путер по желба
  • малку млеко по желба.

Подготовка:

  1. Од блитвата исечете го средниот дебел дел, а потоа исечете ја на ленти.
  2. Во тенџере на оган ставете вода да се зоврие. Во врелата вода, додајте малку сол и измешајте. Потоа, додајте ја сечканата блитва.
  3. Блитвата обарете ја за време од неколку минути.
  4. Обарената блитва, ставете ја под млаз ладна вода и добро исцедете ја.
  5. Потоа исечкајте ја ситно. По желба може да користите блендер, така што добиеното пире ќе има зелена боја.
  6. Компирите излупете ги и измијте ги. Исечете ги на тенки кругови. Во тенџере на оган, ставете вода да се вари. Во водата додајте ги компирите и варете ги додека омекнат. Техниката за најбрзо варење на компири, прочитајте ја тука.
  7. Варените компири, исцедете ги и изгмечете ги со алатка за пире.
  8. Чешнето лук ситно исчекајте го.
  9. Во садот до компирите, додајте ги солта, црниот пипер, сечканата блитва, лукот и добро измешајте. По желба, во пирето додајте малку путер и млеко.
  10. Топлото пире со блитва послужете го веднаш со риба или месо по желба. На здравје!

Превземено од: sezahrana.mk


Во етер
Наслов
Изведувач

Background