Три пива – Виц на денот

Си биле тројца другари – Македонец, Американец и Шпанец. И биле договорени сите во ист час да испијат по 3 пива.

Влегува Македонецот во кафана и му вика на келнерот:
– Дај ми 3 пива.

Овој му дава. И така со ред. По 10 дена келнеров му вика:
– Зошто секогаш пиеш по 3 пива?

Овој му вика:
– Па јас имам двајца другари што се по странство и сме договорени секој ден да пиеме по три пива во ист час за да се осеќаме како да сме заедно.

По 20 дена влегува во кафаната и порачува 2 пива.

Келнеров зачуден му вика:
– Да не умре некој од другариве па што порачуваш две пива?
– Не бе, јас престанав да пијам!


Во етер
Наслов
Изведувач

Background