попис

Да се попишат непопишаните 132.000 лица со еден дополнителен мини попис, едноставно е невозможно, рече првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во денешното гостување во емисијата Стадион на Канал 77. „Прво законски тоа не можеме да го направиме, треба да се донесе некој нов закон, каде што ќе се прецизира таа активност, […]

„Ќе провериме но најверојатно е некоја техничка грешка или превид во распоредот на табелите и графите, во пописните резултати не е менувано и не може да се менува ништо, изјави првиот човек на ДЗС, Апостол Симовски во денешното гостување на емисијата „Стадион“одговарајќи на прашање во врска со обвинувањата дека ДЗС ги променила графиконите од пописните […]

Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР најави нов попис кој од куќа на куќа ке го спроведат Ромите во Македонија. „ Овој попис е срамота  и ние не го признаваме и тој што го спровел треба кривично да одговара. Ромите имаат најголем наталитет а пописните бројки покажуваат дека они во нашата држава само умирале а не […]

Петар Колев, лидерот на Граѓанската демократска унија (ГДУ), испрати писмо до Државниот завод за статистика во кое го прашува директорот Апостол Симовски дали секој може да си провери како е  запишан во пописните податоци и каква е процедурата ако се внесени поинакви податоци од тие што ги кажал граѓанинот. Потоа,  дали има постапка за одговорност […]

Турската заедница, нема да признае бројка помалку од 7% по завршуваше на пописот и објавувањето на резултатите, кажа во денешното издание на емисијата Стадион, посветена на пописот, Емин Хусрев од координативното тело за попис на Турците.     „Според анализите направени во март годинава и кои што се базираат на сознанија од терен, анализи, анкети […]

„Пред нас е сега огромна обврска да покажеме дека имаме капацитет да спроведен статистичка, а не политичка операција. Доминира изминатиов период политичкиот притисок врз оваа статистичка операција, но еве правиме напори не само да го издржиме туку и да го елиминираме тој политички притисок”, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кој вели […]

Консензус за одржување на попис не постои, клучно е сите политички чинители да се вклучени во процесот. ВМРО-ДПМНЕ не бара да не се потпише Закон за попис, ниту пак е против пописот, но сомнителни се повеќе работи околу самата операција, изјави за емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, пратеникот на најголемата опозициона партија, Иван Јорданов. […]


Во етер
Наслов
Изведувач

Background