Проекти

Страна: 2

По Скопје, Штип е вториот град каде државата се одважи да изгради Дневен центар за аутизам. Го најавуваа со години, министрите за труд и социјала се менуваа, но колку реално Центарот ја подобри социјализацијата на децата со аутизам, кои и понатаму се на општествените маргини. Отворањето беше добра основа, но се случи набрзина, со децата […]

Струмичкиот регион како земјоделски се гуши во отпад. Речиси сите населени места имаат една до две диви депонии, а купишта ѓубре се фрла и покрај локални патишта, реки и канали. Органски отпад, пластика, хартија и градежен шут има насекаде, а во нивна близина се одгледува зеленчук, овошје. „Се фрла насекаде, не плаќаат за ѓубре и […]

Битола не стана филмски град, ама ќе ја има во филмот на градоначалникот на заминување Владимир Талевски, кој е на истекот на неговиот трет мандат. За филмот за проектите на Талески, општината ќе потроши 8000 евра. Опозицијата овој проект го нарече „голема лудорија“, а дел од битолските интелекуталци бараат контра филм за најавените а нереализирани […]

Додека стружани се гушат од чадот и неподносливата смрдеа кои се шират многу често од градската депонија која се наоѓа на стотина метри од првите куќи секојдневно се зголемува бројот на заболени од рак во општината. Депонијата е место каде повеќе од една деценија се фрла најразличен вид на отпад, а која на Струга и […]

Зонското паркирање не го реши сообраќајниот хаос во Тетово, туку дополнително го комплицира проблемот на  граѓаните кои живеат на главните булевари „Илирија“ и „Илинденска“. Цената на месечниот билет за паркирање е фантастични 8000 денари. И додека граѓаните бараат паркинзи зад зградите во кои живеат, од општината велат дека зонското паркирање е успешен проект. Зонското паркирање […]

Дојранското Езеро некогаш важеше за избалансирано високо продуктивно езеро, со богата флора и фауна и најбогато со риба во Југоисточна Европа. Денес веќе се шпекулира со бенефитите кои може да ги понуди. Во овие неколку години, а особено во последните три, езерото си го врати својот некогашен сјај, дури и повеќе од тоа, изобилувајќи со […]

Повеќе од една година е запрена градбата на Домот за стари лица во Штип. Објектот од 3000 квадрати кој е изграден до карабина и не може да се догради додека не завршат административните процедури во Министерството за транспорт и врски. Здружението на пензионери на Штип и Карбинци ги троши последните пари, кои од сопствена заштеда […]

Дваесеттина нови висококатници ќе никнат на неколку локации во Охрид. Граѓаните, експертите и некои од градските советници во општинскиот совет велат дека сето ова не е во интерес на градот и дека изградбата на новите згради ќе влијае врз квалитетот на воздухот кој охриѓани сега го дишат. Локалните власти уверуваат дека Охрид се урбанизира плански. […]

Повеќе од три години жителите на пет села од Општината Чешиново – Облешево се без матичен лекар. Жителите преку петиција побараа Општината да го реши проблемот, бидејќи секое одење на лекар во Кочани за нив е трошок. Младите лекари до сега не покажаа интерес за работа на село, од каде не можат да градат кариера. […]

Жителите од струмичките планински населени места Рич и Белотино патуваат и по час за да напрват лекарски преглед или примаат било каква медицинска терапија. Во овие две села каде живеат околу 450 жители немаат никаква амбуланта за примарна здравствена заштита а од Струмица се одалечени околу 25 километри. Молат бога да не се разболат или […]


Во етер
Наслов
Изведувач

Background