(Видео) Битката на Украина и украинскиот народ е херојска, тие се борат и со домашните бандити, арамии, криминалци, вели Богоевски

Русија е европска земја и се додека западот не разбере дека Русија никогаш нема да го пренесе седиштето од Москва или Петровград во Владивосток ќе има војни во Европа, вели Петар Богоевски во гостувањето на емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Тој вели дека никогаш не бил русофоб како што сака Путин да ги претстави оние кои не Путинки, тој вели дека е апсолутен почитувач на традицијата, културата на рускиот народ, уметноста постигнувањата, но дека станува за друго нешто, а тоа е поведението на политиката.

„Русија е дел од светското наследство можеби прво или второ место ако го земеш по творештво или по креативност на овој народ. Овде станува збор за друго нешто за поведението на политиката, односно вредностите или принципите кои ги промовира западната „политичка култура“  и источната политичка култура. Тоа е битка која трае векови и векови во Европа, Русија секогаш се бори за свое место во Европа, а западот тоа секогаш го оспорува и ги има на потсмев Русите. Западот секогаш сака да се претстави дека е нешто повеќе од Исток. За мене сите култури се исти, зборуваме за поведение на полииката и политичарите, дали се бориме за владеење на народот или демократија или се бориме за саптаранство или владеење на олигарсите или олигархија, класичен пример е денешна Русија. Гледав денеска снимки на Телеграм канал, руски канал бидејќи другите се забранети гледав една тажна снимка. Бабички рускинки се тепаат среде Москава за кило шеќер, дедовци се убиваат пред камион кој да земе побрзо хуманитарна помош за да се прехранат, зборувам за во срцето на Москва, за рускиот народ. Додека другарите на Путин се шетаат со најлуксузните јахти, хелихоптери, авиони низ целиот свет. Тоа не го поддржувам’, вели Богоевски.

Зеленски, вели тој започна да практикува поинаква политика, неолигархиска политика.

„Олигарсите меѓусебно се другари, Украинците и Русите. Олигарсите ги направија парите од продажба на нуклеарното оружје на Украина на Русија. Тие ја ограбија својата Украина, земјаќи руски рубљи или долари за наводно да ја демилитализираат Украина, а всушност тие станаа милијардери. Украинските олигарси се блиски пријатели на Путин. Битката на Укриана и украинскиот народ е херојска тие се борат и со домашните бандити, арамии, криминалци. Толку богата земја, а народот живее во сиромаштија поради тие бандити и се бори од надворешни непријатели“, изјави за „Стадион“, Богоевски.

Ситуацијата помеѓу Русија и Украина, Боевски ја спореди и со Македонија и нејзините соседи.

„Но Русија не е единствениот непријател историски на Украина, тоа е слично како со Македонија. На Македонија не и е непријател само еден сосед, ние сме биле напаѓани од сите соседи исто и Украина. Украина имала инвазии и од Германија, Послка, Австро – Унгарија. Слична е историјата на Украина и Македонија, што до тој степен по првата Светска војна, неколку години  подоцна Македонија беше подлена на четири дела, на четири различни држави’, вели Богоевски.

„Пред Втора светска војна Сталин во договор со Хитлер ја окупираа Полска и Украина ја скршија украинската државност и комплетно Украина со полскиот дел потпадна под СССР под стализмот така беше се до германската акција Барбароса врз СССР кога веќе германските војски ја окупираа. Војската на Укриана која се бореше за независна Украина во која загинаа милиони и во битката со нацистичка Германија и со сталинистичката Русија, беше прогласена за нацистичка армија“, изјави Богоевски.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background