(Видео) Катерина Колозова: Дали во Бугарија нема сили кои работат во полза на Вучиќ?

Теоријата на конструктивизмот е дека идентитетот е релативна работа, се гради, не е есенцијален кој постои отсекогаш, изјави професорката Катерина Колозова, зборувајќи за филозофијата на идентитетите.  Во определен историски период сме можеле да бидеме дел од ист контекст, нашите митови на градење нација да биле иманентно врзани со бугарските, можеле да бидат, тоа не го менува факот дека денес сме нешто засебно. Од друга страна, тоа пак не им дава право на Бугарите да судат од кој миг натаму сме ние нешто засебно. И во правни документи да декларира, тука ми е мене методолошкиот проблем во смисла како се води процесот, вели Колозова.

„Прво имате декларација на бугарски парламент имате резолуција на македонски парламент, парламентите однапред и задаваат на науката кои се академските научните црвени линии. Морам да кажам дека бугарскиот документ е политички поиздржан од нашиот, затоа што користи политичка терминологија. Не навлегува во есенции на идентитети, не зборува за гордост и автохтоност, додека нашиот звучи како поезија напишана од членови на МАНУ. Ние сме автохтона нација…знаете ли вие што е тоа да изговарате во Парламент дека сте автохтона. Прво звучи нацистички, ние од секогаш сме биле овде, векови во оваа земја сме. И двата документи се неприфатливи. Бугарската декларација е за нијанса повешто напишана,  затоа што во Брисел може полесно да помине, отколку нашата поезија. И на Брисел не му е јасно што сакаат Бугарите, тие постојано си го поставуваат тоа прашање, самата бугарска елита и јавноста, дека Европа не ги разбира. Европа со право не ги разбира затоа што се мешаат во идентитетски теми, отвараат идентитетски прашања, на науката и наложуваат што да прави.  На Европа не и е јасно што сакаат Бугарите, зтаоа што Бугарите јасно не кажуваат што сакаат,  затоа што е политички непристојно да го изговорат тоа, дека сакаат историските Комисии да прогласат дека нема македонска нација пред 1944 година, што е неприфатливо. Како ќе и наложите на академијата која е таа една и единствена научна вистина да ја прифати и да ја прогласи за точна”, вели Колозова.

Отворањето на прашањето за бугарското малцинство  во Македонија не е централно прашање во нашиот проект „Авении на соработка” што Институтот за општествени и хуманистички науки

го спроведува заедно со научници и интелектуалци од Бугарија, Чешка, Полска, Грција, Унгарија и Словачка, додава Колозова. Бугарскиот национализам сака да каже дека сите ние сме Бугари, а со барањето за влегувањето на Бугарите во нашиот Устав излегува дека индиректно признаваат комплетно независен македонски идентитет. Форисрањето на тоа прашање е димна завеса и можеби знак дека сакаат да го заобиколат или да не го решаваат историскиот спор кој е тежок за решавање и самите се свесни за тоа, а од друга страна да добијат нешто што изгледа како триумф без да биде очигледно оти си го предале националистичкиот наратив кој што го тераат, затоа што ако го сменат фокусот и одат на политички прашања, на прашања на права на нивни граѓани денес во современоста значи они навистина го напуштиле историскиот спор.  И го замениле со друга тема која на Брисел му е поразбирлива. Таа вели дека треба да се фокусираме на Договорот, и на страна да ги оставиме двете политички декларации кои одат спротивно на духот на Договорот, и се тиранија врз науката.Нејзиниот впечаток е дека силите кои што се спротивставуваат на нашето пристапување во ЕУ и стојат зад ова вето само глумат силен национализам.  Еве и да признаеме „ние сме Б’лгари” и не говориме македонски јазик дали ќе влеземе во ЕУ?.„Дел од бугарските елити глумат силен национализам, бараат не знам кој степен на признание или забрзана ревизија на учебниците, всушност не е дефинирано што бараат и на Брисел постојано не му е јасно што бараат.  Суштината е дека со тоа се случува само едно кочење на нашиот пат он ЕУ, што е ползата од тоа?!  – И кој ја има ползата од тоа.  Од другата страна ја имате опцијата на Отворен Балкан предводена од Вучиќ, со што почнав да се прашувам дали и во Бугарија нема сили кои што работат во полза на Вучиќ, доминацијата на Србија во регионот и создавање на една пост мини Југославија.  Тука комплетно шпекулирам. Тоа што сакам да го кажам изговарајќи го ова е дека некому му одговара во двете земји да се успори и да се спречи нашето  пристапување во ЕУ”, изјави Катерина Колозова во „Стадион” на Радио Канал 77.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background