Виктор Апостоловски носи летни музички вибрации со „Крал“

Музичката низа со потпис на Виктор Апостоловски продолжува со песна која носи потенцијал да биде летен хит. Не само поради периодот во кој е извадена, туку и ритамот, темата, но и приказната во видеото.

„Крал“ е носена од типична летна вибрација, па тој вели дека на лесниот регетон ритам, залепил лесен текст, природно, на „Викторски“ начин.

„Прво морам да кажам дека ни песнава не беше во план . Сè испадна толку спонтано и во краток временски период што е неверојатно. А за тоа морам да се заблагодарам на Катерина Стојковска од KaDance и на Мирослав Драганов што ми помогнаа околу организирањето на танчерите и нормално на сите танчери поединечно за нивниот придонес, бидејќи да не беа тие, видеово ќе беше досада жива!

А спонтаноста нормално си носи своја магија! Песната е позитивна, луѓето уште повеќе! И кога се работи со љубов можат да излезат само добри резултати.“ – вели Апостоловски за Канал 77.

Oва е прва песна по објавувањето на  неговиот втор  студиски албум „Во срцето“. Во октомври, Виктор Апостоловски ќе го видиме на сцената на Макфест, која ја најавува како посебно моќна.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background