Кафе по рецепт на Старбакс

Летото е вистинско време да експериментирате со стандардните рецепти, а кафето е најлесниот напиток кој можете да го направите по свој вкус, со свои состојки.

Доколку сте љубител на познатото лате од тиква кое на пазарот го проби “Старбакс”, еве еден рецепт како да го направите истото во домашни услови за само неколку минути.

За една чаша лате од тиква потребни ви се:

100 мл. млеко
2 лажици конзервирана или свежо печена тиква
2 лажици шеќер (по вкус)
2 лажици екстракт од ванила
2 лажички сируп од тиква (по вкус)
1\4 чаша еспресо или веќе направено инстант кафе

Во еден сад измешајте ги млекото, тиквата и шеќерот и ставете ги на средна температура неколку минути. Откако смесата ќе се соедини, додадете го екстрактот од ванила и сирупот од тиква и измешајте во блендер.

Млекото кое го изблендиравте заедно со тиквата, истурете го во ниска стаклена чаша или интересна шолја. На врвот додадете го претходно приготвеното кафе и декорирајте со пена и цимет.

За помалку од 10 минути имате вкусно и необично кафе со кое ќе ги изненадите своите најблиски, а и себе си. Уживајте!


Во етер
Наслов
Изведувач

Background