Најдобри светски дестинации за активен одмор

За сите оние кои сакаат активен одмор, полн со активности и нови искуства, ви предлагаме да отпатувате на некоја егзотична дестинација која има што да ви понуди. Доколку не сте во можност да одвоите толку средства годинава, барем можете да ги имате на ум за догледно време како една од целите за која ќе сакате да заработите.

Ова се најдобрите светски дестинации кои ќе ги исполнат очекувањата на сите авантуристи.

Возење кајак на море – Clear Blue Kona, Хаваи

Планинарење – Шумите низ Шкотска, зелените шуми и природната убавина ги воодушевуваат сите планинари.

Кампување – Maasai Mara Nationatl Reserve, Кенија. Национален резерват во Кенија кој има недопрена природа и диви животни кои ќе ви разубават денот.

Искачување по карпи – Las Torres, Патагонија. Величествени планини кои се предизвик на многумина.

Велосипедизам – Friuli Venezia Giulia, Италија. Италијанските ридови и ливади се идеални за долги возења.

Трчање – Lake Atitlan, Гватемала. Ова е област каде што нозете ќе ве одведат во авантурата на Маите и ќе видите прекрасни вулкански врвови, прекрасна обала и егзотична џунгла.

Нуркање – островот Niue. Овој мал остров нуди недопрена вода, прекрасни природни базени и неверојатен подводен свет.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background