Ова се седумте најстари ресторани во светот

Во денешниот свет опседнат со храна, нови ресторани се отварат преку ноќ и се затвараат многу брзо по нивното отворање. Според една студија 60% од рестораните не ја преживуваат првата година, додека 80% не успеваат да опстанат подолго од пет години. Иако е тоа точно за многу модерни ресторани, голем број стари ресторани во светот биле ставени на тест да покаже времето и продолжиле да служат гости до денес. Па ако некогаш се најдете во близина на овие ресторани и имате пари за експериментирање, ова се седумте ресторани за кои дефинитвно може да се каже дека имаат историја.

Sobrino de Botin – Мадрид, Шпанија
Отворен: 1725 година
Традиционална шпанска и кастилјанска кујна
Просечната цена на оброк изнесува: 50$

Sobrino de Botin се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди како најстар ресторан во светот. Иако сите останати ресторани на оваа листа се многу постари, Sobrino de Botin оваа титула ја добил затоа што и понатаму се наоѓа во оригиналната зграда со истиот ентериер од 18 век.
Ресторанот е отворен од страна на францускиот готвач Жан Ботин и неговата сопруга австралијанска и првото име на ресторанот бил „Casa Botin“. Бидејќи тие двајца немале деца, ресторанот го наследил нивен роднина. Тогаш ресторанот гo променил името во Sobrino de Botin, бидејќи „sobrinо“ на шпански значи „роднина“. Овој ресторан бил популарен помеѓу писателите кои подоцна го споменувале во нивните романи, како Ернест Хемингвеј, кој бил редовен гостин во ресторанот.

White Horse Tavern – Роуд Ајланд, САД
Отворен: 1673 година
Просечна цена на брок: 40$
Американска кујна
Може да направите резервација за следниот ден

Зградата во која се наоѓа White Horse Tavern изградена е 1652 година, за да во 1673 година биде продадена на Вилијам Мејси. Во тоа време, оригиналната зграда е проширена и отворена како таверна, многу луѓе веруваат дека White Horse Tavern е најстариот ресторан во САД. Со оглед на тоа што зградата е голема, низ историјата е користена како судница, општина и погодно место за генералнато собрание на Роуд Ајланд.

За време на американската војна за независност, зградата ја користеле како воен штаб на британски и американски војници. По многу години користење згардата била напуштена, и обновена во 1954 година. Донацијата на семејството Ван Бурен и ресторанот е повторно отворен како White House Tavern 1957 година.

Zur Letzten Instanz – Берлин, Германија
Отворен: 1621 година
Германска кујна
Просечна цена на оброк: 35$
Може да се направи резервација за следниот ден

Zur Letzten Instanz се наоѓа во близина на Берлинскиот ѕид и важи за најстара градска таверна. Ресторанот своето име „Во последен момент“ го добил 1924 година, додека порано бил познат како „Marija Beil“. Иако зградата е една од најстарите во Берлин, реконструирана е 1963 година откако доживеала големо оштетување во текот на Втората светска војна. Ентериерот не е оригинален, но актуелниот дизајн се одржува во оригинален стил.

Помеѓу гостите во овој најпознат градски ресторан биле Наполеон Бонапарта и Лудвиг Ван Бетовен.

La Tour d’Argent – Париз, Франција
Отворен: 1582 година
Француска кујна
Просечна цена на оброкот: 500$
Може да направите резервација за следниот ден

La Tour d’Argent е ексклузивен ресторан со една Мишелинова ѕвезда кој го угостил кралот Анрија IV. Во еден момент, ресторанот имал најмногу можни достигнувања во светот на угостителството – три Мишелинови ѕвезди, но едната ѕвезда ја изгубил во 1996 година. А другата 2006 година.

Иако ресторанот не може да докаже дека го угостил кралот Анрија IV, но други познати луѓе како Франк Рузвелт, Мерлена Дитрих и Чарли Чаплин дефинитивно биле гости во ресторанот. Ресторанот се појавува во литературата, во книгите на Ернест Хемингвеј, а бил инспирација за ресторанот во кој се одива дејството на анимираниот филм „Ratatouille“.

Honke Owariya – Кајото, Јапонија
Основан: 1465 година
Јапонска кујна
Просечна цена на оброк: 30$
Нема резервација

Honke Owariya својот живот го започнал како слаткар кој се преселил од регијаа Овари во Кјото откако оригиналните сопственици добиле повик од царот да се преселат. На почетокот ги нуделе своите прочуени оризови колачи. Започнале да прават нудли што Honke Owariya ја направиле најстарата продавница во Кјото.

Прочуените нудли се правеле од високо квалитетно хмељно брашно од Otoinep, Hokaido додека ресторанот тврди дека чистата вода во Кјото е тајната на посебниот вкус на нивната храна.

Zum Franziskaner – Штохол, Шведска
Основан: 1421 година
Традиционална шведска и германска кујна

Zum Franziskaner е најстариот ресторан во Стохолм, а го основале германските монаси во 1421 година кога крал Ерик им дозволил на монасите да наплаќаат за храна и пијалок. Храната која ресторанот ја служеле е комбинација од германски корени како основа со вкусот на локалната скандинавска кујна. Иако ресторанот не се наоѓа во оригиналната зграда, храната и пијалоците не се промениле од како е отворен ресторанот, пред околу 600 години.

St. Peter Stiftskeller – Салцбург, Австрија

Отворен: 803 година
Традиционална автсриска кујна
просечна цена на оброк: 70$
Можно е да направите резервација за следниот ден

St. Peter Stiftskeller кој се наоѓа во рамките на Опатијата на Св. Петар важи за најстар ресторан во Европа и најверојатно во целиот свет. Се наведува дека ресторанот за прв пат бил споменат во 803 година. Иако зградата е многупати реновирана, многу од оригиналните простории се уште изгледаат како врежани во ѕидините на оригиналната статуа на Опатијтаа. Ресторанот е познат по својот вечерен концерт на Моцарт кои го изведуваат 6 музичари и двајца пејачи облечени во костими од тој период.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background