Се’ за храна: Како да ја претворите обичната овесна каша во омилен појадок

Со овој едноставен кулинарски совет ќе откриете еден нов свет на вкусни задоволства! Обичната овесна каша ќе ви стане омилен појадок, наместо само здрава храна во која не можете да уживате. Пробајте и ќе видите дека е така.

Ако мислите дека на овесната каша може само да и додадете мед, овошје или јаткасти плодови и нема што многу да се прави, размислете уште еднаш, или подобро дочитајте ја оваа содржина до крај. Овесната каша може да биде божествено вкусна!

Кулинарски трик за превкусна овесна каша

Лесно и едноставно е, а се што треба да направите е да ги измешате овесните снегулки со стопен врел путер.

Постапка:

  1. Растопете една кришка путер и измешајте ја со овесот.
  2. Мешајте додека житариците не почнат да пуштаат оревест мирис.
  3. Потоа, згответе ги на вообичаен начин, односно сварете ги со млеко или вода.

Вака припремената овесна каша не е неопходно да ја засладувате, затоа што путерот и дава богат вкус.

Повелете уште неколку предлог рецепти со овес:

Ви препорачуваме да прочитате: 10 причини кои ќе ве поттикнат да јадете овес.

Превземено од: sezahrana.mk


Во етер
Наслов
Изведувач

Background