Ќе истакнам кандидатура за градоначалник, за лидер на СДСМ – не, бог да чува, рече Шилегов во денешниот „Стадион“(видео)

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој беше гостин во денешната емисија „Стадион“ на „Канал 77“, зборуваше и за тоа дали ќе се кандидира за нов градоначалнички мандат и колку е точно дека има амбиции за лидерската позиција во СДСМ.

„Почитувајќи ги демократските процедури во партијата, ќе ја истакнам својата кандидатура за градоначалник. Не знам дали некој друг член на СДСМ има такво размислување, но легитимно е да има. Во врска со лидерското место во партијата – Бога да чува. Такви муабети никогаш немало. Ниту имало потреба, ниту разлислување за такво нешто Чаршијата може да зборува се’ и сешто, но внатрешните односи во партијата се поинакви во кавлитетна смисла од она што се слуша – вакво крило, такво крило. На такви работи знаеме да се насмееме“, рече Шилегов.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background