Алепо – град на УНЕСКО, пред и по војната во Сирија
Неколку фотографии од истите места, пред и по сириската војна во градот Алепо – еден од најстарите населени градови во светот.
На 19 јули 2012, во Алепо – најголемиот град во Сирија, започна воена конфронтација што беше дел од сириската граѓанска војна. Карактеристично за оваа милитарна акција беше што сириската армија употреби „барел бомби“ (импровизирани бомби направени од метални буриња полни со експлозив, шрапнел или нафта), кои ги фрлаше од хеликоптери, убивајќи илјадници луѓе и присилувајќи стотици илјади да се евакуираат. Битката предизвика катастрофална деструкција на стариот град на Алепо, кој УНЕСКО го имаше прогласено за светско наследство.