Бебе родено во авион добило бесплатни авио билети за цел живот
Една авио компанија од Индија подарила доживотно бесплатно возење со авионите од таа компанија на бебе кое е родена на еден од нивните летови.
„Jet Airways“ соопштиле дека мајката на детето, чие име не е објавено, почнала предвремено да се породува за време на летот, на висина од 10 илјади метри. Авионот, летал кон јужниот Индијски град Кочи, пренасочен бил кон Мумбаи, каде што мајката и бебето биле одведени во локална болница и сега се во добра здравствена состојба. Меѓу патниците бил и медицински техничар, кој ја породил жената, а помогнале и членовите на екипажот.
Авиокомпанијата не ја навела националноста на детето, но како што велат, тој ќе има доста опции за патување низ Индија и пошироко. Компанијата е една од најголемите во земјата и лета на 65 домашни и меѓународни дестинации.
Бебњата родени во авион се реткост. Тие во текот на животот наидуваат на интересни реакции на екипажот на аеродромот кога ќе видат дека во пасошот им пишува: „Сопственикот на пасошот е роден во авион“.
Раѓањето во авион не гарантира бесплатен авио-сообраќај за цел живот и покрај вообичаеното верување. Постојат само десетина вакви компании кои доделуваат бесплатни авио билети за оние кои се раѓаат во нивните авиони.
Превземено од: Факултети